Современи правци во литературата

Под современа литература се подразбира литературата создавана во дваесеттиот век, а уште повеќе литературата по Втората светска војна.

Како последен правец во литературата од XIX век се смета реализмот, а потоа при крајот на XIX и почетокот на XX век се појавуваат неговите продолженија – натурализмот и социјалистичкиот реализам.

Натурализмот подразбира реализам без стилизирање и идеализирање, прикажување на стварноста таква каква што е – со своите неубави, непристојни и тажни, во детали опишани слики. Овој правец го започнува францускиот … Повеќе >>

Натурализам

Hатурализам е правец кој ја претставува последна фаза на реализмот и егзистира во периодот од 1870 до 1890 година.

Терминот натурализам е преземен од филозофијата каде означува материјализам, епикурејство (лагодност на животот) и световност.
Натуралистите го потенцираат човековото биолошко потекло, како и влијанието на средината. Тие многу внимание му обрнуваат на детаљот при фактографското и аналитичкото прикажување на стварноста.
Главен претставник и заговорник на натурализмот е францускиот писател Емил Зола. Тој собира натуралистичка група автори кои објавуваат збирка раскази … Повеќе >>
Антон Павлович Чехов (1860 – 1904)

Антон Павлович Чехов – избор раскази

Антон Павлович Чехов (1860 – 1904)

Антон Павлович Чехов е претставник на рускиот натурализам. Роден е во Таганрог на брегот на Азовското Море, во ситнотрговско семејство. Татко му сосема пропаднал, па тој морал сам да се издржува со давање часови, за да ја заврши гимназијата. Потоа оди во Москва каде добива стипендија за медицински студии. Тогаш започнува со пишување, но под разни псевдоними, а најчесто како Антоша Чехонте. Пишувал безброј цртички, скици, новели, пародии, шеги, кои ги објавувал по весниците. Во 1887 година

Повеќе >>

„ Облог “ од А. П. Чехов

Расказот „ Облог “ од Антон Павлович Чехов е еден од најсодржајните, расказ во кој е отсликана сета човечка глупост, наивност, лекомисленост, а најмногу од сѐ – дека во животот „сѐ е ништожно, минливо, привидно и лажливо како фатаморгана“. Освен тоа, во краткиот опис на животот на заточеникот, Чехов многу успешно го отсликува созревањето на мудрите луѓе.

Начнато е и прашањето за потребата од социјализација на човекот. Дали му се потребни другите луѓе или може да живее во осаменост … Повеќе >>

„Павилјон бр. 6“ од Чехов (раскажана)

Кој е луд во денешново општество? Оној кој без размислување ги прифаќа сите наметнати норми, правила, хиерархиски поделби што мора да се почитуваат, трката по пари како смисла на живот – или оној кој се свртува кон себеси, кон своето осознавање, сопственото изградување и оттргнување од бесмислата на секојдневието во опшетството?
Кој е во затвор? Оној што е зад решетки или оној кој самиот ставил огради во својот живот и не излегува од нив? Оној кој и во својот
Повеќе >>