Лав Николаевич Толстој (1828-1910)

Лав Николаевич Толстој

Лав Николаевич Толстој (1828-1910)

Лав Николаевич Толстој (1828-1910) е роден во Јасна Полјана на дворјанскиот имот од родителите кои потекнувале од благороднички семејства. Ја носел титулата гроф и поминал мирен, богат и спокоен живот.

Речиси целиот живот го минал на имотот во Јасна Полјана, освен што четири години се школувал во Москва, а потоа извесен период поминал во Казањ каде студирал на Филолошкиот, а потоа на Правниот факултет кој не го завршил. Владеел многу јазици – англиски, француски, германски, италијански, ги знаел и: … Повеќе >>

„ Смртта на Иван Илич “ од Толстој

Темата во новелата (повеста) „ Смртта на Иван Илич “ од Толстој е ништожниот живот на Иван Илич посветен на кариерата и неговата смрт која колегите ја дочекуваат со радост заради можноста да го зафатат неговото работно место. 
Во неа се опфатени и други прашања, поттеми, како: лицемерието, женачката без љубов, односите во семејството, изборот на вистинскиот пат во животот – дали да се биде алтруист и да се живее за другите или да се биде
Повеќе >>
Фјодор Михаилович Достоевски (1821-1881)

Фјодор Михаилович Достоевски

Фјодор Михаилович Достоевски (1821-1881)

Фјодор Михаилович Достоевски (1821-1881) е претставник на реализмот од Русија. Роден е во Москва, каде го поминал поголемиот дел од детството. Кога имал 16 години се запишал на Воено-инженерската академија во Петроград, но тоа не му се допаѓало, па почнал да се занимава со литература. На 25-годишна возраст го напишал својот прв роман.

Се вклучил во кружокот на Пeтрашевски, кој бил револуционерен, па тој и сите членови биле затворени и осудени на смрт. Смртната казна веќе почнала да се
Повеќе >>

„ Злосторство и казна “ од Достоевски (раскажана)

„ Злосторство и казна “ од Фјодор Михаилович Достоевски

Вовед

 

„ Злосторство и казна “ од Достоевски е реалистичен, психолошки роман во кој има елементи и на социјален, криминалистички и филозофски роман. Тој е, исто така, полифоничен роман (каде се вклучени општествената и социјалната реалност, но и психичката реалност на поединецот).
Темата и идејата на романот се содржани во насловот. Темата е злосторството, двојното убиство што го извршува Раскољников и казната што следува
Повеќе >>
Михаил Александрович Шолохов (1905-1984)

Михаил Шолохов „Судбината на човекот“

Шолохов е роден во Кружилино, во козачката област Вешенска. Образованието го стекнувал со прекини заради Октомвриската револуција, Граѓанската војна, Првата светска војна. Во Москва отишол 1922 година со надеж дека ќе го продолжи образованието, но немал средства, па морал да работи како градежен работник и сметководител. На осумнаесетгодишна возраст го објавува својот прв текст во весник и од тогаш не може да се одвои од литературата. Пишува раскази собрани во збирките „Донски раскази“ и „Лазурна степа“ кои се основа

Повеќе >>