Антон Павлович Чехов (1860 – 1904)

Антон Павлович Чехов – избор раскази

Антон Павлович Чехов (1860 – 1904)

Антон Павлович Чехов е претставник на рускиот натурализам. Роден е во Таганрог на брегот на Азовското Море, во ситнотрговско семејство. Татко му сосема пропаднал, па тој морал сам да се издржува со давање часови, за да ја заврши гимназијата. Потоа оди во Москва каде добива стипендија за медицински студии. Тогаш започнува со пишување, но под разни псевдоними, а најчесто како Антоша Чехонте. Пишувал безброј цртички, скици, новели, пародии, шеги, кои ги објавувал по весниците. Во 1887 година

Повеќе >>

„ Облог “ од А. П. Чехов

Расказот „ Облог “ од Антон Павлович Чехов е еден од најсодржајните, расказ во кој е отсликана сета човечка глупост, наивност, лекомисленост, а најмногу од сѐ – дека во животот „сѐ е ништожно, минливо, привидно и лажливо како фатаморгана“. Освен тоа, во краткиот опис на животот на заточеникот, Чехов многу успешно го отсликува созревањето на мудрите луѓе.

Начнато е и прашањето за потребата од социјализација на човекот. Дали му се потребни другите луѓе или може да живее во осаменост … Повеќе >>

„ Странецот “ – Албер Ками (раскажана)

Албер Ками (1913 – 1960) е роден во Мондови, мало место во Алжир, во сиромашно земјоделско семејство. Поради немаштијата бил принуден да работи и да се школува. Завршил студии по филозофија, а потоа работел како новинар во Алжир и во Париз. Во 1942 година се приклучува во движењето на отпорот кога ги пишува своите Писма до еден германски пријател“, во кои го критикува фашизмот.  Ја добива Нобеловата награда за литература 1957година.
Загинува во сообраќајна несреќа, 1960 година.

Тој

Повеќе >>
Албер Ками

„ Недоразбирање “ од Албер Ками

Албер Ками е претставник на современата литература, на егзистенцијализмот, и според правецот и времето во кое творел, нема голема врска со нашите драматурзи од времето меѓу двете светски војни. Но, инспирацијата за драмата „Недоразбирање“ е поврзувачката нитка. Имено, Албер Ками прочитал во весник за случката која со години го измачувала Р.Крле да ја напише „Парите се отепувачка“, и тој, на свој начин ја обработил истата тема. Додека Крле се трудел да ја задржи вистинитоста на приказната, да ја смести

Повеќе >>
Франц Кафка - Процес

Франц Кафка

Франц Кафка - Процес

Франц Кафка (1883 – 1924) се смета за еден од најголемите и најзначајните писатели на дваесеттиот век. Во неговите дела се спојуваат елементи од реалното и фантазијата, а неговите протагонисти се осамени и изолирани ликови кои се наоѓаат во бизарни и надреални ситуации, опфатени од социјално-бирократските сили, соочени со отуѓувањето,  вината, егзистенцијата и апсурдот. „Кафкијански“ е терминот под кој се подразбира специфичноста на неговото творештво и ликовите што ги создал. Најголемиот дел од неговите дела се објавени постхумно зашто … Повеќе >>