„Судбината на човекот“ од Шолохов

„Судбината на човекот“ е расказ (новела) од Михаил Шолохов.

Тоа е расказ за обичниот руски војник и неговата судбина во текот на Втората светска војна.

Иако во него се среќаваме со грозни нехумани ситуации, сепак, во целиот расказ провејува топлина, хуманизам, добрина.

Нараторот е главниот лик, Андреј Соколов, кој полека, без вознемирување му го раскажува својот живот на еден непознат човек со кого случајно се сретнува чекајќи да дојде сплав за минување на реката.

Расказот започнува со човекот кој ќе

Повеќе >>

Современи правци во литературата

од современа литература се подразбира литературата создавана во дваесеттиот век, а уште повеќе литературата по Втората светска војна.

Како последен правец во литературата од XIX век се смета реализмот, а потоа при крајот на XIX и почетокот на XX век се појавуваат неговите продолженија – натурализмот и социјалистичкиот реализам.

Натурализмот подразбира реализам без стилизирање и идеализирање, прикажување на стварноста таква каква што е – со своите неубави, непристојни и тажни, во детали опишани слики. Овој правец го започнува францускиот писател … Повеќе >>

Социјалистички реализам

свен како натурализам, реализмот наоѓа свое продолжување во 20.век, во земјите со социјалистичко уредување. Тој се оформува 1934 година во Советскиот Сојуз на конгресот на писателите кога Максим Горки во својот реферат ги дава основните поставки на правецот. Всушност, со новото уредување, писателите сметале дека треба да има и нова литература – литература која ќе ги сублимира најдобрите работи од реализмот и романтизмот.
Социјалистичкиот реализам треба да прикаже определени негативни појави во животот, но многу повеќе да биде полетен, оптимистички … Повеќе >>

Михаил Александрович Шолохов (1905-1984)

Михаил Шолохов „Судбината на човекот“

Михаил Шолохов (1905 – 1984)

олохов е роден во Кружилино, во козачката област Вешенска. Образованието го стекнувал со прекини заради Октомвриската револуција, Граѓанската војна, Првата светска војна.
Во Москва отишол 1922 година со надеж дека ќе го продолжи образованието, но немал средства, па морал да работи како градежен работник и сметководител.
На осумнаесетгодишна возраст го објавува својот прв текст во весник и од тогаш не може да се одвои од литературата.
Пишува раскази собрани во збирките „Донски раскази“ и „Лазурна
Повеќе >>