Старогрчка митологија (настонокот на светот)

Древнобалканската т.н. старогрчка митологија се смета за најразвиена. Таа е создадена во античко време и ни ги открива религиозните погледи на луѓето што живееле во околината на планината Олимп, нивното верување во многу богови, божици, полубогови и други измислени суштества како: кентаври, сатири, нимфи, сирени, чудовишта, џинови итн.

Боговите имале човечки облик, но биле многу поголеми од смртните луѓе и имале способност да се метаморфозираат (да го менуваат обликот). Тие биле бесмртни, низ вените им течела течност позната

Повеќе >>

Старогрчки митови (избор)

Дедал и Икар
 Дедал бил еден од најголемите уметници, скулптори и архитекти во Атина. Тој имал еден внук од сестра, кој бил особено надарен, речиси со уште поголеми способности од него. Плашејќи се да не биде надминат од внукот, љубоморен и заслепен од завист, кога немало никој во близина тој го фрлил момчето од атинската тврдина. Сепак, бил фатен на дело и затоа бил прогонет на островот Крит каде му служел на кралот Минос. По
Повеќе >>

Митот за Сизиф (текст)

Сизиф, син на богот на ветровите Еол, и основач на градот Коринт, се сметал за најитар човек во древните времиња. Никој не можел да се рамни со него по итрост. Благодарејќи на тоа, тој натрупал небројно богатство во Коринт и надалеку се разнесол гласот за неговите скапоцености.

Еднаш Сизиф му го поткажал на речниот бог Азоп вратилиштето на Зевс, а за тоа Азоп му ветил дека ќе направи да избие извор студена вода во коринтскиот град. На тоа место

Повеќе >>

Библија (строхебрејска литература)

Hајзначајно дело од старохебрејската литература е „ Библија “. Таа всушност претставува зборник од религиозни творби создавани во огромен временски период од XII век пред наша ера до II век од наша ера. Оваа литература се создавала на повеќе територии и на јазиците хебрејски (иврит) и јидиш. Библијата се состои од два дела: Стар и Нов завет.

Стариот завет се дели на три дела:

1. Петокнижие (составено од петте книги Мојсиеви);

2. Пророци,

Повеќе >>

Песна над песните (од „Библијата“)

1. Соломоновата Песна над песните

2 Бакни ме со бакнеж на својата уста, твојата љубов е послатка од вино.
3 Мирис на најдобрите мириси, твоето име е разлеано масло, затоа те љубат девиците.
4 Повлечи ме по себе, да бегаме! Царот ме воведе во своите соби. Ќе се веселиме и ќе се радуваме заради тебе, ќе ја славиме твојата љубов повеќе од виното; достојно е да те љубат!
5 Ерусалимски ќерки, црна сум, но убава, како
Повеќе >>