Појава на уметноста (поделба и видови уметност)

 

Појава на уметноста

 

Човекот уште од најстари времиња освен да ги задоволи своите основни животни потреби имал потреба и од естетика, убавина. Орудијата што ги правел на почетокот биле едноставни и ја имале само нивната основна функција – да му помогнат при ловот, обработката на земјата итн. Со тек на време, тој почнал да ги украсува со разни додатоци кои имале естетска функција. Човекот сакал неговото орудие освен што ќе му служи во работата да биде и убаво.
Повеќе >>

Литература – поим и значење

Поим за литературата

 


Зборот литература потекнува од латинскиот littera што значи буква. Со истото значење е и зборот книжевност, од прасловенското книга (буква). Тие се синонимски зборови, но се чини дека во зачестеноста на употребата предност има литература (можеби заради насловот на предметот: македонски јазик и литература).

Како сосема различни области, јазикот и литературата сочинуваат единство при создавањето на книжевните дела. Јазикот е основното средство на литературата. Писателот пред сѐ мора одлично да го владее стандардниот јазик,

Повеќе >>

Наука за литературата

Уметничката литература се проучува од страна на наука за литературата. Таа опфаќа неколку дисциплини:


1. Историја на литературата – се занимава со проучување на појавата и развитокот на литературата; литературните периоди/правци и нивните претставници.


2. Теорија на литературата – се занимава со особеностите на литературните дела, нивната форма и содржина, темата и идејата, композицијата, стилот (стилските фигури), јазикот, версификацијата (ритам, ритмичка стапка, рима, стих и строфа); како и за поделбата на литературните родови и видови.
Во поново време стилот и
Повеќе >>

Поделби на литературата

Литературата се дели според неколку критериуми.

1. Во минтото литературата усно се пренесувала од колено на колено. Кај неа тешко можело да се определи авторството, па затоа е позната како анонимна, народна или колективна. По создавањето на писмото литературните творби биле запишувани и нивниот автор бил познат.

Според авторството, литературата можеме да ја поделиме на:
народна (анонимна, колективна, усна) и
уметничка (авторска).
2. Според тоа каква форма употребил авторот при создавање на своето дело, литературата може да Повеќе >>

Историја на литературата

Историја на литературата се занимава со појавата и историскиот развиток на литературата, појавата во определени периоди на разните правци во литературата и нивните претставници.
Литературата е уметност чие изразно средство е зборот. Потребата на човекот да ги прераскаже доживувањата и случките, како и да ги изрази своите чувства доведува до појава на уметноста. Литературата, како дел од уметноста се појавува уште во првобитното општество пропратена со музика и игра. Спојот од музика, текст и игра што се појавува во најстаро
Повеќе >>