Мит и фолклор (извори на литературата)

Hајстари извори на литературата се митовите.

Мит е фантастична приказна, создадена во најдалечното минато во која се раскажува за она што се случило на самиот почеток. Мит е народна приказна во која луѓето во недостаток на научни сознанија создавале фантастични објаснувања.

Митовите се всушност приказни за создавањето на земјата, небесните тела, човекот, животните итн.; тие се прв обид за толкување на стварноста, за природните феномени како менувањето на денот и ноќта, годишните времиња, грмотевицата итн.; тие се прв учебник

Повеќе >>

Народна литература

Hародната литература води потекло од митологијата. Од обредните песни посветени на божествата и од митолошките приказни подоцна се развиле нови литературни творби познати како народна литература.

Особености на народната литература се:

— усно творештво — таа се појавила уште пред писмената традиција, па затоа се создавала и пренесувала по устен пат;
— анонимно творештво — творецот на песната или приказната не е познат. Авторот не сакал да биде анонимен, туку не е запомнето, не е запишано кој е создателот, … Повеќе >>

Лирика (лирски субјект)

Лирика

Лирика е еден од трите литературни рода. Лириката понатаму се дели на лирски видови.

Формата на лириката е стихот. Во прозни текстови може да сретнеме лирски елементи, но тешко ќе сретнеме лирски дела во проза.
Лириката е изразувачка уметност, бидејќи лирските песни се поетски творби со кои се изразуваат чувства, мисли и расположенија. Тие го изразуваат субјективниот став на поетот и претставуваат изблик на чувства, па затоа не може да се раскажуваат (немаат фабула) туку се доживуваат.… Повеќе >>

Македонски народни песни

Македонските народни песни претставуваат дел од богатото фолклорно наследство на нашиот народ.
Во следниот подолг текст се дадени примери од лирските (сите видови), лирско-епските и епските македонски народни песни.

Народните песни потекнуваат од најдалечното минато. Нивниот автор е непознат (анонимен), а се зачувале со усно пренесување од колено на колено.
Македонските народни песни почнале да се запишуваат во средината на деветнаесеттиот век, во времето на Преродбата. Први интерес покажале научници од соседните народи, како што
Повеќе >>

Лирски видови

Лирски видови

Според внатрешните својства литературата се дели на: лирика, епика и драма.

Лирски видови се:

1. Субјективна лирика:

интимна;

љубовна;

пејзажна;

патриотска;

социјална;

рефлексивна.

2. Возвишена лирика:

ода

химна;

дитирамб.
3. Елегиска лирика:

тажачка песна;

елегија;

епитаф.
4. Сатирична лирика:

хумористична песна;

сатирична песна;

епиграм.

Субјективна лирика

Интимната лирика ги опфаќа песните каде се изразуваат личните (внатрешните, интимните) доживувања на поетот. Најчести мотиви во овие песни се: љубовта, осаменоста, разочараноста од минливоста на животот (младоста) итн.

Љубовната … Повеќе >>