Стилски изразни средства (синтаксички)

Стилските изразни средства што се однесуваат на целата реченица, односно мисла, се нарекуваат синтаксички или фигури на конструкцијата.
Компарацијата е едно од најзастапените стилски изразни средства и во минатото и денес, а претставува споредба на еден предмет или појава, со друг. Секогаш при споредбата се употребува зборот „како“ или „ко“. На пр.: Гладен како волк.— И најмил спомен што в душа ми блеска
се гаси од нив ко цвеќе без боја.
(Везилка – Б. Конески)Антитеза е спротивност, односно
Повеќе >>

Стилски изразни средства (семантички) – тропи

Семантички стилски изразни средства (тропи) се изразни средства каде зборот добива поинаква смисла. Поточно, семантиката е наука за значењето на зборовите, нивната внатрешност, па оттука овие стилски изразни средства се однесуваат на тие внатрешни својства на зборовите.

Епитет
во најширока смисла е секој атрибут, односно секој додаток на именката. Во следниот пример има многу епитети и компарации:

Кога бев преполн сила
што придојдува како матна речна глава,
кога се сетив вреден за мојот подвиг,
достоен за слава,
кога ми закрепна

Повеќе >>

Епика

Епика е еден од трите литературни рода. Основна карактеристика на епиката е раскажувањето.
Епските видови може да бидат кратки и долги, во стих или во проза.

Кратки епски видови се:
– во стих: епската песна;
– во проза: расказот (и сите народни умотворби: мит, легенда, предание, приказна, сказна, бајка, басна, анегдота, гатанка, пословица, поговорка).
Долги епски видови се:
– во стих: еп, епопеја;
– во проза: романот.

 

Во епските дела се прикажани ликови кои се носители на

Повеќе >>

Епски видови во проза

Литературата се дели според неколку критериуми, но според нејзините внатрешни својства се дели на родови: епикалирика и драма.

(Лирско-епските дела не се посебен род, туку претставуваат меѓурод каде лирските и епските елементи се испреплетени. И тие имаат свои лирско-епски видови)
Секој од родовите има свои видови:  епски видови, лирски видови и драмски видови
Според формата епските видови се делат на: епски видови во стих и епски видови во проза.

Најстарите епски видови во проза се:

Повеќе >>

Епски видови во стих

Литературата се дели според неколку критериуми, но според нејзините внатрешни својства се дели на родови: епикалирика и драма.

(Лирско-епските дела не се посебен род, туку претставуваат меѓурод каде лирските и епските елементи се испреплетени. И тие имаат свои лирско-епски видови.)
Секој од родовите има свои видови:  епски видови, лирски видови и драмски видови.
Според формата епските видови се делат на: епски видови во стих и епски видови во проза.

Епската песна и епот

Повеќе >>