Литературно-научни видови и публицистика

Освен познатите литературни видови, постојат и такви кои имаат белези на уметничка литература, но имаат и белези што ги доближуваат до научната литература или публицистиката.

Литературно-научни видови се оние што содржат испреплетени белези на научниот и уметничкиот стил. Иако имаат научни аргументи овие текстови содржат многу индивидуални и емоционално обоени делови. Во литературно-научни видови спаѓаат: есејот, статијата, расправата, студијата, полемиката, биографијата и автобиографијата.


Под публицистика се подразбираат текстови што се печатат во весниците, списанијата и одделни книги (публикации), а може
Повеќе >>

„ Канцониерот “ од Петрарка

Петрарка, како предвесник на ренесансата, но сè уште под влијание на средновековната литература, творел на латински јазик сметајќи го за официјален.
Сепак, дел од творештвото го пишувал на народен јазик, оној дел од творештвото кој не го сметал вреден, а кој излегувал од неговата душа. Тоа се песните посветени на Лаура пишувани 30 години и собрани во збирката „ Канцониерот “.
Лаура е неговата вечна љубовна тема, неговата неостварена и недостижна љубов. На моменти таа љубов е платонска, слична на
Повеќе >>
Шекспир

Вилијам Шекспир

илијам Шекспир (1564-1616) е најголемиот драмски автор на светот и за сите времиња. Тој е претставник на ренесансата од Англија.
Иако живеел и творел пред четири века, неговите драми се уште се изведуваат во театрите ширум светот, а за актерите најголем престиж е да играат некој од неговите ликови. Врз основа на неговите текстови се снимаат филмови и тоа во различни верзии. Речиси не постои (образован) човек на земјата кој не слушнал за Вилијам Шекспир.
Шекспир е роден во Стратфорд
Повеќе >>

„ Хамлет “ од Шекспир (раскажана)

Има ли на светот попозната реплика од Хамлетовата:
„To be or not to be“ (да се биде или не) — прашање е сега?

„Хамлет“ е трагедија, врвно дело на англиската и светската литература.
Темата во драмата е опседнатоста на данскиот принц Хамлет со идејата да се одмазди за смртта (убиството) на својот татко. Иако основната тема е одмаздата, во драмата се проткаени и многу други мотиви: убиството на близок човек, љубовта, приврзаноста, предавството, семејството, општеството, односите родители-деца итн.
Идејата е

Повеќе >>

Писмена работа за „ Хамлет “

Предлог писмена работа за „ Хамлет “ од Шекспир

Ликот на Хамлет

Во трагедијата „ Хамлет “ Вилијам Шекспир насликал еден образован млад човек од времето на доцната ренесанса – универзална, сестрана личност склона кон длабоко размислување.
Размислувајќи за животот, смртта и религијата, Хамлет го одбира животот со сите негови убавини и недостатоци, а го отфрла ветувањето на религијата за вечен, прекрасен, задгробен живот, бидејќи за тоа нема доказ (никој не се вратил од таму за да каже).
Хамлет е

Повеќе >>