Функција на придавката во реченицата

Придавката во реченицата е секогаш поврзана со именката, па затоа нејзината функција е во тесна врска со неа. Таа врска може да биде непосредна или посредна.

На пр.:

1. Добра книга.

2. Книгата е добра.

Во првиот пример врската е непосредна (веднаш пред именката) и тогаш придавката има улога на атрибут.

Во вториот пример врската е посредна (стои со помошниот глагол сум – е) и тогаш е дел од прирокот (именски прирок).

Поретко се случува придавката да стои самостојно во … Повеќе >>

За матуранти

Покрај мојот прирачник „За матуранти“ кој навистина помага за подготовка на матурскиот испит по македонски јазик и литература, бидејќи е работен според испитната програма, сега ќе имате можност речиси целата негова содржина да ја следите преку аудио-видео лекции и на тој начин уште полесно да го повторите материјалот за тестот.

 

 

 … Повеќе >>

Матурска програма и прашања за вежбање (јазик)

Матурска програма и прашања од матруските тестови за вежбање од областа македонски јазик:

I ЈАЗИК

1. НАУКА ЗА ЈАЗИКОТ
1.1. Национален јазик
1.2. Дијалектен јазик
1.3. Стандарден јазик
1.4. Видови писма

2. ИСТОРИСКИ РАЗВИТОК НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
2.1. Почетоците на словенската писменост;
2.2. Македонскиот јазик во семејството на јужнословенските јазици;
2.3. Погледите за македонскиот јазик на Пејчиновиќ, Синаитски, Крчовски, Пулевски и Џинот (избор текстови)
2.4. Погледите на К. П. Мисирков за македонскиот јазик — „За македонцките работи“;
2.5. Улогата на … Повеќе >>

Матурски прашања за „Хамлет“ (6. 2013)

На државната матура, јуни 2013 за „Хамлет“ од Шекспир ги имаше следните прашања:

Прочитај го внимателно извадокот од делото „Хамлет“ и заокружи го точниот одговор на поставените прашања.
(Сите, освен Хамлет, излегуваат)
Хамлет
О, тешко бреме од месо и коски,
Да можеш сега да испариш за миг!
И грев да не е самоубиството!
О, боже, боже! О, колку блуткав
И плиток и тап, ништовен и празен
Во сите свои движења е светот!
И каква гадост! Сѐ е осквернето
Ко цветник … Повеќе >>