Написи

Старогрчка митологија (настонокот на светот)

ревнобалканската т.н. старогрчка митологија се смета за најразвиена. Таа е создадена во античко време и ни ги открива религиозните погледи на луѓето што живееле во околината на планината Олимп, нивното верување во многу богови, божици, полубогови и други измислени суштества како: кентаври, сатири, нимфи, сирени, чудовишта, џинови итн.

оговите имале човечки облик, но биле многу поголеми од смртните луѓе и имале способност да се метаморфозираат (да го менуваат обликот). Тие биле бесмртни, низ вените им течела течност позната како икор,

Повеќе >>

Старогрчки митови (избор)

Дедал и Икар
 Дедал бил еден од најголемите уметници, скулптори и архитекти во Атина. Тој имал еден внук од сестра, кој бил особено надарен, речиси со уште поголеми способности од него. Плашејќи се да не биде надминат од внукот, љубоморен и заслепен од завист, кога немало никој во близина тој го фрлил момчето од атинската тврдина. Сепак, бил фатен на дело и затоа бил прогонет на островот Крит каде му служел на кралот Минос. По некое време му здодеало и
Повеќе >>
Гилгамеш

Епот за Гилгамеш („Тажаленка“)

Пред три илјади години на територијата на денешен Ирак, меѓу реките Тигар и Еуфрат постоело Асиро – Вавилонско Царство. Таму, главни културни центри биле градовите Вавилон и Урук. Вавилонската кула била величествена архитектонска градба, храм кој достигнувал до „облаците“ за човекот да им се приближи на боговите. (Во „Библијата“ има приказна за градењето на Вавилонската кула).

 

Гилгамеш

Слушни го целиот еп:

Усното творештво создавано на сумерски јазик се претпоставува дека било запишано околу 2000 год. п.н.е., а
Повеќе >>

„ Илијада “ (раскажана)

 

 

„ Илијада “ е составена од 24 пеења каде се опишани последните педесетина дена од Тројанската војна. Погледнете ги причините и поводот за започнувањето на Тројанската војна:

(За подобро да ја разберете прочитајте го и воведот во „Илијадата“.)


1 пеење

 

 На почетокот од епопејата е прикажана кавгата меѓу Ахил и Агамемнон заради робинки.

Агамемнон ја грабнал робинката Хрисеида која Ахил бара да ја врати, бидејќи  боговите биле против тоа грабнување. Агамемнон им се повинува на боговите,

Повеќе >>
големата вода

Живко Чинго „ Големата вода “

Чинго е роден во селото Велгошти, Охридско, 1935 година, каде го започнува своето школување, а го продолжува во Охрид и во Скопје. По завршувањето на Филозофскиот факултет работи како професор во гимназијата во Охрид. Потоа доаѓа во Скопје и работи во весниците: „Студентски збор“, „Млад борец“, потоа во РТС, во Центарот за политички студии, во Републичкиот комитет за култура. Исто така, бил советник во Министерството за култура и директор на МНТ. Добитник е на највисоките македонски и југословенски награди. Пишувал

Повеќе >>