Написи

Граматички категории кај именките

Именките во македонскиот јазик имаат три граматички категории: род, број и член (определеност).

 

Граматичка категорија род кај именките

 

Секоја именка во македонскиот јазик си има свој род: машки, женски или среден. Родот е содржан во именката и тој не може да се промени.

На пр.: човек – машки род; жена – женски род; дете – среден род.

Родот го има само во еднинската форма на именката.
На пр.: клупа (именка од женски род – таа клупа), но: клупи

Повеќе >>

Граматички категории кај придавките

Бидејќи основната служба на придавката е да ја определува именката, таа од неа ги добива и своите граматички обележја.
Придавката ги има истите граматички категории како именката: род, број и определеност.

1. Родот кај придавките може да биде машки, женски и среден и зависи од именката до која стои. Односно, ако именката е од машки род, тогаш придавката ќе се прилагоди и ќе биде во машки род (дрвен стол), ако именката е од женски род и придавката ќе го … Повеќе >>

Лице, род и број кај глаголите

Глаголите имаат повеќе граматички категории меѓу кои: лице, род и број.

 

Граматичка категорија лице

 

Под категоријата лице се подразбира учесникот во говорот.

Глаголите се согласуваат со личните заменки и тие имаат форми за трите лица во еднина и множина.

Прво лице (1л.) е лицето што зборува;
второ лице (2л.) е лицето кому му се зборува;
трето лице (3л.) е лицето за кое се зборува.

Лицето кај заменките се изразува со посебна форма (лексички), а кај глаголите со наставка … Повеќе >>