Написи

Морфеми (вежби)

Морфеми се делови од зборот со лексичко или граматичко значење. Зборовите имаат коренски и афиксални морфеми (афикси).

Разликуваме повеќе видови афикси.

А. изведбени (зборообразувачки) морфеми:
а) префикс (претставка) – влегува во составот на основата и се наоѓа пред коренот;
б) суфикс (наставка) – се наоѓа зад коренот, а пред флексијата;
в) интерфикс – се наоѓа меѓу две коренски морфеми.

Б. граматичка (формообразувачка) морфема:
г) флексија – се наоѓа на крајот од формата на зборот (ја означува промена на род, број, … Повеќе >>

Вежби за именки

Следните вежби и задачи се за повторување на материјалот за именки:

а) видови именки;

б) граматички категории кај именките;

в) образување на именките;

г) форми за обраќање кај именките, вокативни форми;

д) функцијата на именките во реченицата.

 

Вежби:

1. Определи кои од следните зборови се именки:

функција, основа, чувство, работи, истакнува, среќен, форма, совет.

2. Кај следните именки определи го видот (општи, сопствени, апстрактни, конкретни), родот, бројот и определеноста, како и формата за обраќање:… Повеќе >>

Вежби за придавки

Следните вежби и задачи се за повторување на:

а) придавки и видови придавки;

б) степенување на придавките;

в) образување на придавките;

г) функциите на придавката во реченицата.

 

Вежби:

 

1. Од следните зборови издвој ги придавките: моли, молба, молење, молител, замоли, замолен, молејќи, дом, дома, домаќин, домашен, задомена, домување, домува.

2. Направи морфолошка анализа на следните придавки (да се определи видот, родот, бројот, членот, степенувањето):
најубав, умствената, десеттото, нејзини.

3. Образувај придавки од следните зборови: … Повеќе >>

Вежби за заменки

Со следниве вежби и задачи, ќе го проверите вашето знаење за:
Вежби:
1. Определи кои од следните зборови се заменки, а потоа какви се (лични, лично-предметни или показни)?
мене, мој, ме, ми, ова, нејзин, наш, оној, ти, твој, те.
2. Дополни ги заменките во празните места и определи ја нивната функција во реченицата:
а) Јас _____ги видов во град.
б) _____ и реков да ме почека.
в) … Повеќе >>

Вежби за броеви

Следните вежби и задачи се за повторување на лекциите за броеви и правилната употреба на броевите. Опфатени се вежби за:

  1. одредена бројност, и
  2. приближна бројност

Броевите се зборови со кои се означува количество предмети, точно определено или приближно. Има посебни форми за бројност на лица.

 

Вежби:

1. Кои од следните зборови се броеви?
еден, еднаш, единица, едно, една, единаесет, единаесетмина, прв, првпат, два, две, двајца, двојка, два-три, дванаесет, дваесетина, дваесетмина, втора.

2. Напиши приближна бројност од броевите:

5-6, … Повеќе >>