Написи

Морфеми (вежби)

Морфеми се делови од зборот со лексичко или граматичко значење. Зборовите имаат коренски и афиксални морфеми (афикси).

Разликуваме повеќе видови афикси.

А. изведбени (зборообразувачки) морфеми:
а) префикс (претставка) – влегува во составот на основата и се наоѓа пред коренот;
б) суфикс (наставка) – се наоѓа зад коренот, а пред флексијата;
в) интерфикс – се наоѓа меѓу две коренски морфеми.

Б. граматичка (формообразувачка) морфема:
г) флексија – се наоѓа на крајот од формата на зборот (ја означува промена на род, број, … Повеќе >>

Фразеологија (вежби)

разеологија е лингвистичка дисциплина, дел од лексикологијата, што се занимава со зацврстените, неделивите зборовни состави кои се користат како готови јазични единици.

            Вежби

1. Фразеологија е наука за:
а) слободните зборовни состави;
б) логичните зборовни состави;
в) зборовните состави како синтаксички единици;
г) лексички неделивите зборовни состави.

2.  Фразеологизми се:

а) слободни зборовни состави;
б) логични зборовни состави;
в) зборовни состави како синтаксички единици;
г) лексички неделиви зборовни состави.
3. Фразеологизмите каде зборовите од составот добиваат сосема ново значење кое
Повеќе >>

Вежби за екстерно (III стручно)

Повторете ја темата Македонската литература меѓу двете светски војни.
Голем дел од прашањата се преземени од прашањата за екстерно тестирање, но понудените одговори се произволни, односно претпоставени. Иако е така, сепак, ова е добра подготовка за екстерното тестирање.

1. Доминантни мотиви во песните од збирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин се:

а) патриотските; б) аргатските; в) љубовните; г) пејзажните.

2. Кои песни се од стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин?

а) „Бисера“ и „Голапче“; б) „Алтана“ и „Жетварките“; в) „Глас … Повеќе >>