Написи

Глаголот СУМ

Употреба на глаголот сум

Глаголот сум има три функции во македонскиот јазик.

Тој се употребува при градбата на сложените глаголски форми, може да биде дел на именскиот прирок (глагол врска) и може да се употреби самостојно.

На пример:

  1. Ја сум учел германски. Јас бев учел германски.
  2. Ти си ученик. Ти беше ученик.
  3. Тој е дома. Тој беше дома.

Во првиот пример, сум е употребено како помошен глагол, образувајќи ги формите на минато неопределено и предминато време.

Во вториот пример, … Повеќе >>

Глаголско време

Време е граматичка категорија кај глаголите.
Времето го изразува временскиот однос на вршењето на глаголското дејство спрема моментот на зборувањето. Има три временски плана: сегашност, минатост и идност.
Сегашноста, односно моментот на зборувањето, на некој начин претставува временска разделница меѓу она што се случувало пред тоа, во минатото и она што ќе се случува потоа – во иднината.
Времињата имаат своја основна употреба, но многу често се употребуваат и со поинакво значење од основното. Ова зависи од пристапот на говорителот … Повеќе >>

Прости глаголски форми

Во прости глаголски форми спаѓаат:

а) сегашно време,

б) заповеден начин,

в) минато определено (несвршено и свршено) време,

г) глаголска л-форма,

д) глаголска придавка,

ѓ) глаголски прилог, и

е) глаголска именка.

 

Сегашно време

Сегашното време означува глаголско дејство што се врши во моментот на зборувањето.

Се образува од основата на несвршени, трајни глаголи. На општиот дел и основниот вокал се додаваат наставките:

 

 

Заповеден начин

Со заповедниот начин се … Повеќе >>

Сегашно време

Сегашно време е проста глаголска форма.

Се образува од основата на несвршени, трајни глаголи. На општиот дел и основниот вокал се додаваат наставките:

 

 

На пример, со глагол од а-група:

 

Со глагол од и-група

 

Со глагол од е-група

  • Во примерите се издвоени општиот дел (коренот), основниот вокал и наставките.
  • Во трето лице еднина сегашно време нема наставка и затоа таа форма е земена за определување на глаголската група. Во македонскиот јазик таа форма е
Повеќе >>

Сложени глаголски форми

Сложени глаголски форми претставуваат состав од глаголот што се менува и друг помошен збор.

Помошните зборови, кои можат да бидат помошните глаголи сум и има и честичките ќе и би, секогаш стојат пред глаголот, не мора непосредно, но му претходат.

 

Сложени глаголски форми се:

 

А. Сложени глаголски форми со сум

 

Минато неопределено време

 

Минато неопределено време означува

Повеќе >>