Написи

Фонетика – гласови, фонеми, букви

Науката што ги проучува гласовите се вика фонетика, а науката што ги проучува фонемите се вика фонологија.

Зборовите се делат на најмали делови – гласови. Во македонскиот јазик има 31 глас. Фонетиката ги проучува гласовите според нивниот изговор, односно артикулација (каде и како се формираат гласовите и кои говорни органи се употребуваат).
Освен како посебни единки гласовите, можат да се разгледуваат и според функцијата која ја вршат во зборот.
На пр. зборот „р а к а“ е составен од
Повеќе >>

Говорни органи

Говорни органи се делови од човековото тело кои учествуваат во создавањето артикулирани звуци – гласови.

Фонетиката, која се занимава со артикулацијата на гласовите, ги проучува и говорните органи на човекот. Говорниот апарат е она што го разликува човекот од другите живи суштества.

Говорните органи се составен дел од дишниот апарат.

Органи кои учествуваат во говорот (изговарањето на гласовите) се:

  • белите дробови кои се исполнуваат со воздух неопходен за говорната функција;
  • гркланот и гласните жици, кои започнуваат со формирање на
Повеќе >>

Поделба на гласовите (самогласки и согласки)

Според фонетиката, основна поделба на гласовите е на:
самогласки (вокали) и согласки (консонанти).

Самогласки

Самогласките се изговараат без пречки, широко, со слободно поминување на воздушната струја во усната шуплина и имаат поголема звучност. Во македонскиот јазик самогласки се: а, е, и, о, у.
Самогласките имаат слоготворна функција. Тие ги оформуваат слоговите, односно претставуваат јадрото на слогот. Покрај нив во слогот може да има повеќе согласки, но тие може и самостојно да градат слог.
На пример:
збо – ро – ви… Повеќе >>