Написи

Ристо Крле (1900-1975)

„ Милиони маченици “ Ристо Крле (целата драма)

Ристо Крле
МИЛИОНИ МАЧЕНИЦИ
драма во три чина
ЛИЦА:
ЈОНЧЕ „Конте“, модерен чевларски калфа, а подоцна мајстор
ЦАРА, негова жена
ЛАМБЕ, негов син на 5—6 години
ИЛЧЕ |
САНДРЕ \ чираци кај Петрета, а подоцна калфи кај Јончета
АНАСТАС |
ДИМЧЕ \ чирачи кај Јончета
ПЕТРЕ, старовремски чевларски мајстор
КОЛЕ, пријател од Петрета, старовремски шивачки мајстор
СЛАВЕ |
ФАНЧЕ |
ЛЕНЧЕ |
ЗЛАТА |
СОТИР |
СЕЛАНЕЦ \ муштерии
ЃОРЃИ |
КОСТА \ кожарски трговци
ДАНОЧЕН ЕГЗЕКУТОР
УРЕДСКИ ЕГЗЕКУТОР
ПОЛИЦИСКИ … Повеќе >>

Албер Ками

„ Недоразбирање “ од Албер Ками

лбер Ками е претставник на современата литература, на егзистенцијализмот, и според правецот и времето во кое творел, нема голема врска со нашите драматурзи од времето меѓу двете светски војни. Но, инспирацијата за драмата „Недоразбирање“ е поврзувачката нитка. Имено, Албер Ками прочитал во весник за случката која со години го измачувала Р.Крле да ја напише „Парите се отепувачка“, и тој, на свој начин ја обработил истата тема. Додека Крле се трудел да ја задржи вистинитоста на приказната, да ја смести во

Повеќе >>

Семјуел Бекет „Чекајќи го Годо “

Чекајќи го Годо “ е антидрама (театар на апсурдот), која претставува празнина, чекање како празно дејство. Во неа има низа дејствија и низа дијалози кои не претставуваат ништо – само празно губење на времето додека се чека нешто што нема да дојде.
Ако животот на Мерсо од „Странецот“ на Ками е бесмислен и апсурден, тогаш животот и ликовите во оваа драма се супербесмислени и суперапсурдни.
Темата на драмата е содржана во насловот, чекањето на двата главни лика (Естрагон и
Повеќе >>

Историјат на македонската драма

Македонската драма има богата традиција. Нејзините почетоци се во кусите дијалози на обредните игри од кои се развила народната драма.
Прва етапа – почетокот на 20 век
Први печатени драми се текстовите на Јордан Хаџи Константинов Џинот, дидактички театарски претстави изведувани од учениците во скопското училиште „Света Богородица“.
Малку подоцна, кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, се појавуваат драмите на Војдан Чернодрински. Тоа се првите драми со уметничка вредност, сведоштво на опстојувањето на македонскиот народ за време
Повеќе >>
Коле Чашуле (1921-2009)

Коле Чашуле

Коле Чашуле (1921 – 2009)

Чашуле е роден во Прилеп. Таму завршил основно училиште и нижа гимназија, а виша гимназија завршил во Битола. Студирал медицина на Белградскиот универзитет и активно се вклучил во прогресивните движења (во СКОЈ), а учествувал и во многу штрајкови и демонстрации.

Се вклучил во партизанскиот прилепски одред, заради што подоцна бил затворен. Од затворот избегал 1944 година и почнал со објавување песни и раскази во партизанските весници.

По војната бил основач и уредник на поголем број

Повеќе >>