Написи

Членот кај именките

Дали сте знаеле дека членот кај именките потекнува од показните заменки?

Именките и нивните граматички категории во македонскиот јазик се многу упростени во однос на другите словенски јазици. Тоа е пред сѐ поради губењето на деклинацијата, односно падежните форми.

Единствени остатоци имаме од вокативот во формите за обраќање.

Карактеристично за именките е нивното постпозитивно членување. Именките се определуваат со наставка.
Членската наставка потекнува од показните заменки: овој, оној и тој. Од нив се образувале наставките: -ов, -он и … Повеќе >>

Заменки

Заменки се зборови кои укажуваат на лица или предмети или директно ги посочуваат.
Тие се ограничена група зборови, но се од големо значење во системот на јазикот.

Разликуваме три вида заменки: лични, лично-предметни и показни.

А. Лични заменки

1. Лични заменки кои го изразуваат односот кон говорната ситуација (номинативна форма, подмет):

 

прво лице – лицето што зборува (јас, ние);
второ лице – лицето кому му се зборува (ти, вие);
трето лице – лице кое се споменува

Повеќе >>

Лични заменки

1. Лични заменки кои го изразуваат односот кон говорната ситуација (номинативна форма, подмет):

 

прво лице – лицето што зборува (јас, ние);
второ лице – лицето кому му се зборува (ти, вие);
трето лице – лице кое се споменува во говорот, а не мора да биде присутно (тој, таа, тоа, тие).

 

2. Лични заменки за означување директен и индиректен предмет (за лица кон кои е насочено дејството).

 

а) за директен предмет:

 

Овие заменки имаат долги и … Повеќе >>

Лично-предметни заменки

Лично-предметни заменки се оние што се однесуваат на лица или предемети.

Има три лично-предметни заменки.

1. кој, која, кое; кои

а) Оваа заменка се однесува на лица и има прашално или релативно значење. Има форми за сите три рода: машки – кој; женски – која; среден – кое, и една множинска форма: кои.

На пример, со прашално значење:

Кој ми ја зема книгата?

Која книга ја бараш?

Од кое село ги купи пиперките?

Кои се новите станари?

На пример, со … Повеќе >>

Показни заменки

Заменките во македонскиот јазик се ограничена група зборови. Освен личните и лично-предметните, разликуваме и показни заменки.

Показните заменки служат за посочување.

Постојат три показни заменки кои разликуваат род и број.

 

За посочување блиски предмети

Заменката овој, оваа, ова; овие служи за посочување блиски предмети.

На пр.:

Кога говорителот стои блиску до клупата, ќе рече: Кој ја оштетил оваа клупа?

Кога говорителот го држи во раце моливот, ќе рече: Чиј е овој молив?

 

За посочување оддалечени предмети

Заменката … Повеќе >>