Написи

Зборообразување

Зборообразување е лингвистичка дисциплина што се занимава со начини на формирање и изведување нови зборови.

Предмет на проучување е зборот, но не во негова граматичка (морфолошка или синтаксичка смисла), туку во неговата значенска (лексичка) смисла.

Обновувањето на лексичкиот фонд се врши на два начина:

а) со образување нови зборови врз основа на веќе постојните;
б) со примање туѓи зборови и нивно адаптирање.

Зборообразувањето е во тесна врска со морфологијата бидејќи ја проучува структурата на зборовите.  Разиката е … Повеќе >>

Фразеологија, фразеологизми

разелогија е дел од лексикологијата, односно нејзина поддисциплина. Таа се занимава со проучување на фразеологизмите – зацврстените зборовни состави, нивната употреба и изразни можности.
Зборовите во процесот на зборувањето се соединуваат еден со друг и образуваат зборовни состави – синтагми. Тоа се најпрости синтаксички единици составени од два или повеќе збора.
Има два вида зборовни состави:
1. слободни, и
2. неслободни.
Слободните зборовни состави ги создаваме во процесот на зборувањето. На пр.: малото дете, моето дете, умното дете, немирното

Повеќе >>

Лексикологија – вовед

Лексикологија е дел од лингвистиката што го проучува составот на зборовите на еден јазик. Таа се дели на повеќе поддисциплини:

1. Семантика (за значењето);
2. Етимологија (за потеклото);
3. Лексикографија (за речниците);
4. Фразеологија (наука за постојани зборовни состави – фразеологизми).

 

ЗБОРОТ има своја форма и содржина, што значи своја граматичка и своја лексичка страна. Лексикологијата се занимава со лексичката, односно содржинската страна на зборот.
Да го земеме за пример зборот м а с а. Според формата, тој збор

Повеќе >>

Лексички значења на зборовите

Со лексичките значења на зборовите се занимава лексикологијата.

 

Според лексичките значења, зборовите се делат на:

1. Синоними – зборови со различна форма, а приближно исто значење.
На пр. : основа, база, темел, подлога.

2. Хомоними – зборови со иста форма, а различно значење.
На пр.: блок – за цртање, станбен, сојуз, парче од нешто.

3. Антоними – зборови со спротивно значење.
На пр.: ден – ноќ, дебел – слаб.

4. Пароними – зборови слични по изговор или пишување, … Повеќе >>

Лексиката според потеклото

Лексиката според потеклото може да биде:

1. Домашна, изворна (своја) – зборови кои исконски постојат во нашиот јазик и потекнуваат од прасловенскиот, старословенскиот, црковнословенскиот, па преку народниот навлегле во литературниот јазик. Овие зборови ја сочинуваат основата на јазикот и се во најголем број.
На пр.:мајка, татко…,еден, два…, гора, планина, река, езеро…, рака, нога…

2. Странска (туѓа) – овие зборови навлегуваат или директно од странскиот јазик или посредно (преку трет јазик).

а) Интернационализми – зборови што се употребуваат во многу светски

Повеќе >>