Написи

Резиме на темата

Резиме на темата: Историски развој на македонскиот јазик со прашања и вежби за повторување.
Македонскиот јазик спаѓа во индоевропското семејство на словенските јазици – јужна група (источна подгрупа со бугарскиот).
Историјата на македонскиот јазик започнува со прасловенскиот јазик кој немал писмо, па затоа и немаме точни податоци каков бил тој. Но, врз основа на тој јазик, а особено врз основа на говорот на Словените кои живееле во околината на Солун е создаден првиот писмен словенски јазик т.н. старословенски јазик.
Повеќе >>

Матурски прашања (Историски развој на македонскиот јазик)

Матурски прашања од областа историски развој на македонскиот јазик.

Прашања за повторување и вежбање
(голем дел се адаптирани од матурските тестови):

1. Местото на македонскиот јазик во индоевропското семејство е во:
а) западната група словенски јазици; б) источната група словенски јазици;
в) источната група на јужните словенски јазици; г) западната група на јужните словенски јазици.

Одговор:

в) источната група на јужните словенски јазици


2. Национален е јазикот:
а) кој е во официјална употреба во државата; б) сите форми на јазикот … Повеќе >>