Написи

Пишување на слоготворното Р и групата ОЛ

Најчести грешки при пишувањето на слоготворното Р се прават во врска со употребата на апострофот (‘):

– апостроф се пишува на почетокот од зборот: ‘рти, ‘ржи;

– апостроф се пишува по префикс што завршува на самогласка: за’рти, за’ржи;

– апостроф не се пишува по префикс што завршува на согласка: изрти, сржи.

Во минатото два гласа вршеле слоготворна функција во зборовите: Р и Л. Денес, гласот Р сѐ уште ја има задржано таа улога, додека слоготворното Л најчесто преминало во Повеќе >>

Пишување на согласките Л и Љ

Според правописот, согласките Л и Љ се пишуваат или не се пишуваат во наведените случаи.
.
Пишување на Л
.
Согласката Л се пишува:
.
1. Пред самогласките А, О и У: чешла, кошула, селанка, грклан, клокоти, клука, клун, клуч, луѓе, лула, лулка, лупи, лушпа, лут, плука, плунка, плускавец.
.
2. Пред согласка: билка, болка, бришалка, желка, родилка;
  • со новиот правопис дозволени се двете варијанти на зборовите: детално/детаљно, деталност/детаљност и во личните имиња: Илчо/Иљчо, Илка/Иљка.
.
3. На крајот Повеќе >>