Написи

Драма

Еден од трите литературни рода е драма.
Како литературен род, драмата понатаму се дели на драмски видови.
Драмата е претставувачка уметност. Претставувањето на ликовите и настаните е преку дијалошка форма. Драмите можат да бидат во проза, во стих и комбинирани во проза и стих.


Театарот е тесно поврзан со драмата, бидејќи таа е предвидена да се изведува пред публика. Драмскиот текст, може да го читаме, но може и да го гледаме изведен на сцената.
Драмата е поблиска до епиката,

Повеќе >>

Драмски видови

Драмски видови се:

1. трагедија:
античка;
ренесансна;
псевдо-класична.

2. комедија

:
комедија на карактери;
комедија на нарави;
комедија на интрига;
комедија дел арте;
фарса;
гротеска.

3. трагикомедија:


трагична комедија;
комична трагедија.

4. драма во потесна смисла на зборот:


романтична;
општествена (граѓанска);
антидрама (драма на апсурдот).

Трагедијата е драмска творба во која се прикажува несреќната судбина на јунакот кој трага по некоја возвишена, но недостижна цел. Во трагедијата се прикажуваат мрачни, жестоки и тажни настани, ненадејни промени од

Повеќе >>

Литературно-научни видови и публицистика

Освен познатите литературни видови, постојат и такви кои имаат белези на уметничка литература, но имаат и белези што ги доближуваат до научната литература или публицистиката.

Литературно-научни видови се оние што содржат испреплетени белези на научниот и уметничкиот стил. Иако имаат научни аргументи овие текстови содржат многу индивидуални и емоционално обоени делови. Во литературно-научни видови спаѓаат: есејот, статијата, расправата, студијата, полемиката, биографијата и автобиографијата.


Под публицистика се подразбираат текстови што се печатат во весниците, списанијата и одделни книги (публикации), а може
Повеќе >>