Написи

Лице, род и број кај глаголите

Глаголите имаат повеќе граматички категории меѓу кои: лице, род и број.

 

Граматичка категорија лице

 

Под категоријата лице се подразбира учесникот во говорот.

Глаголите се согласуваат со личните заменки и тие имаат форми за трите лица во еднина и множина.

Прво лице (1л.) е лицето што зборува;
второ лице (2л.) е лицето кому му се зборува;
трето лице (3л.) е лицето за кое се зборува.

Лицето кај заменките се изразува со посебна форма (лексички), а кај глаголите со наставка … Повеќе >>