Написи

Разговорен стил

Разговорен стил се применува во неофицијалната комуникација, односно во секојдневните разговори меѓу луѓето.
            Најчест е во усна форма, но може да биде и во писмена.
            Карактеристично за овој стил е економичноста на изразот. Се скратуваат и речениците и зборовите (на пр.: шо наместо што). Во говорот ги изоставуваме сите непотребни делови, а ги надополнуваме со израз на лицето и гестикулација.
Повеќе >>

Фразеологија (вежби)

Фразеологија е лингвистичка дисциплина, дел од лексикологијата, што се занимава со зацврстените, неделивите зборовни состави кои се користат како готови јазични единици.

            Вежби

1. Фразеологија е наука за:
а) слободните зборовни состави;
б) логичните зборовни состави;
в) зборовните состави како синтаксички единици;
г) лексички неделивите зборовни состави.

2.  Фразеологизми се:

а) слободни зборовни состави;
б) логични зборовни состави;
в) зборовни состави како синтаксички единици;
г) лексички неделиви зборовни состави.
3. Фразеологизмите каде зборовите од составот добиваат сосема ново значење
Повеќе >>

Македонија во втората половина на 19 век

Општествено-политичките прилики во Македонија во втората половина на 19 век

Животот на Македонците за време на Османлиската Империја бил навистина тежок. Големите даноци, данокот во крв (јаничарството), наметнувањето на исламот (со давање привилегии на оние кои ќе го прифатат), разните „зулуми“ врз населението, направиле луѓето да се повлекуваат во повисоките планински краеви и таму во помали заедници да си ја продолжуваат живеачката.
Со векови Македонците си ја чувале својата традиција (јазикот, обичаите – за раѓање, свадби, умирачки, празници итн., ги
Повеќе >>

Македонското јазично прашање на преминот од 19 во 20 век

Македонското јазично прашање на преминот од 19 во 20 век уште не било решено.

Да се потсетиме:

Македонскиот јазик спаѓа во индоевропското семејство

на словенските јазици – јужна група (источна подгрупа со бугарскиот).

На картата е прикажано каде се зборуваат словенските јазици:

Развојот на македонскиот јазик го следиме од појавата на словенската писменост, односно од времето кога

Кирил и Методиј ја создале ГЛАГОЛИЦАТА и на тој начин прасловенскиот јазик го направиле прв писмен јазик на сите Словени – старословенски јазик.Повеќе >>

Учебникарската дејност во Македонија

Учебникарската дејност во Македоија започнала да се развива кон средината на 19 век.
Во Македонија кон средината на 19 век почнало да се поставува прашањето за формирање единствен јазик, литературен јазик, кој ќе се употребува во училиштата, како и за пишување текстови, учебници и друга литература.
Во ова време Галичник
бил голем економски центар (мал град, поголем од Гостивар), па токму од таму потекнуваат двајцата застапувачи за создавање литературен јазик.

 



Тие имале две различни гледишта:


– да се формира Повеќе >>