Написи

Македонски јазик ве наградува!

Приклучете се на првата НАГРАДНА ИГРА организирана од makedonskijazik.mk што ќе трае од 20 до 30 септември.

Сѐ што треба да направите е:
да ви се допадне нашата страница, да напишете коментар на оваа објава и да ја споделите објавата.

Тројца случајно избрани ќе бидат среќни добитници на прирачникот за подготовка на матурскиот испит по македонски јазик „За матуранти“ од Билјана Богданоска.

Со љубов,
www.makedonskijazik.mk

Повеќе >>

„За матуранти“ од Билјана Богданоска

Прирачникот „За матуранти “ од Билјана Богданоска, помага за подготовка на матурскиот испит по македонски јазик и литература. Тој е работен според испитната програма, па затоа олеснува снаоѓање во целокупната содржина на испитот.

За делот од јазик (граматика), има кратки аудио-видео лекции кои ќе ви помогнат побрзо да го повторите овој дел од испитната програма.

Освен тоа, за да ги проверите своите знаења, решете ги е-тестовите и веднаш видете ги своите резултати. Тие тестови се правени со прашања што до … Повеќе >>

„ Чичко Горио “ од Балзак (раскажана)

 

„ Чичко Горио “ од Оноре де Балзак е роман чија тема не е единствена. Опфатени се три паралелни приказни кои се испреплетуваат поради средбите на ликовите.

Тој е реалистичен, психолошки, социјален и семеен роман.

Дејството се случува во Париз, 1819 година.

Приказната е реализирана преку сезнаечки наратор (раскажувачот сè знае и сè гледа).

Темата ги опфаќа:
1. Драмата на чичко Горио;
2. Животот и моралното пропаѓање на Ежен де Растињак;
3. Судбината на робијашот Вотрен.
Овие три приказни
Повеќе >>

Матурска програма и прашања за вежбање (јазик)

Матурска програма и прашања од матруските тестови за вежбање од областа македонски јазик:

I ЈАЗИК

1. НАУКА ЗА ЈАЗИКОТ
1.1. Национален јазик
1.2. Дијалектен јазик
1.3. Стандарден јазик
1.4. Видови писма

2. ИСТОРИСКИ РАЗВИТОК НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
2.1. Почетоците на словенската писменост;
2.2. Македонскиот јазик во семејството на јужнословенските јазици;
2.3. Погледите за македонскиот јазик на Пејчиновиќ, Синаитски, Крчовски, Пулевски и Џинот (избор текстови)
2.4. Погледите на К. П. Мисирков за македонскиот јазик — „За македонцките работи“;
2.5. Улогата на … Повеќе >>

Васил Иљоски (1902-1995)

Васил Иљоски

Васил Иљоски (1902-1995) е продолжувач на започнатата драмска и театарска традиција во Македонија и поврзувачка нитка со современата македонска драма. Тој творел цели педесет години придонесувајќи во развојот на драмското творештво.

Иљоски е роден во Крушево, една година пред Илинденското востание. По востанието, татко му отишол во Куманово да бара подобри услови за живот и работа. Десетина години подоцна целото семејство се преселило во Куманово. Таму го завршил основното училиште и гимназијата. Му помагал на татка си во неговата столарска

Повеќе >>