Написи

„За матуранти“ од Билјана Богданоска

Прирачникот „За матуранти “ од Билјана Богданоска, помага за подготовка на матурскиот испит по македонски јазик и литература. Тој е работен според испитната програма, па затоа олеснува снаоѓање во целокупната содржина на испитот.

За делот од јазик (граматика), има кратки аудио-видео лекции кои ќе ви помогнат побрзо да го повторите овој дел од испитната програма.

Освен тоа, за да ги проверите своите знаења, решете ги е-тестовите и веднаш видете ги своите резултати. Тие тестови се правени со прашања што до … Повеќе >>

Матурска програма и прашања за вежбање (јазик)

Матурска програма и прашања од матруските тестови за вежбање од областа македонски јазик:

I ЈАЗИК

1. НАУКА ЗА ЈАЗИКОТ
1.1. Национален јазик
1.2. Дијалектен јазик
1.3. Стандарден јазик
1.4. Видови писма

2. ИСТОРИСКИ РАЗВИТОК НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
2.1. Почетоците на словенската писменост;
2.2. Македонскиот јазик во семејството на јужнословенските јазици;
2.3. Погледите за македонскиот јазик на Пејчиновиќ, Синаитски, Крчовски, Пулевски и Џинот (избор текстови)
2.4. Погледите на К. П. Мисирков за македонскиот јазик — „За македонцките работи“;
2.5. Улогата на … Повеќе >>

Матурски прашања за „Хамлет“ (6. 2013)

На државната матура, јуни 2013 за „Хамлет“ од Шекспир ги имаше следните прашања:

Прочитај го внимателно извадокот од делото „Хамлет“ и заокружи го точниот одговор на поставените прашања.
(Сите, освен Хамлет, излегуваат)
Хамлет
О, тешко бреме од месо и коски,
Да можеш сега да испариш за миг!
И грев да не е самоубиството!
О, боже, боже! О, колку блуткав
И плиток и тап, ништовен и празен
Во сите свои движења е светот!
И каква гадост! Сѐ е осквернето
Ко цветник … Повеќе >>

Матурски прашања за „Хамлет“

Матурските прашања за „Хамлет“ од Шекспир подобро ќе ги одговорите ако претходно прочитате повеќе за драмата.

 

За драмата „Хамлет“ од Шекспир

Вилијам Шекспир (1564-1616) е најголемиот драмски автор на светот и за сите времиња. Тој е претставник на ренесансата од Англија.

„Хамлет“ е трагедија, врвно дело на англиската и светската литература.

Темата во драмата е опседнатоста на данскиот принц Хамлет со идејата да се одмазди за смртта (убиството) на својот татко. Иако основната тема е одмаздата, во драмата се … Повеќе >>

Матурски прашања за „Хамлет“ (8. 2010)

Во август 2010, за „Хамлет“ од Шекспир, на државната матура беа поставени следните прашања:
Прочитај го извадокот од драмата „Хамлет“ од В. Шекспир и одговори на прашањата.
3 чин – сцена прва
Хамлет:
Да се биде или не
Да бидеш или да не бидеш ти —
Еве во што е прашањето сега.
Без ропот, молкум да го трпиш стравот
И сите стрели на судбината дива
Или пак да се противставиш гневно, гневно
Да станеш веднаш, да победиш в борба
Или … Повеќе >>