Написи

Деловите на зборот

Деловите на зборот што имаат некакво значење се наречени морфеми. Тие се предмет на проучување на морфологијата.

На пример:

МОЛи, МОЛба, МОЛител, МОЛен, заМОЛиме, заМОЛениот, итн.

Сите овие зборови содржат ист дел: МОЛ, кој е носител на значењето.

  • Делот од зборот, кој е носител на значењето на поголема група зборови се нарекува ОПШТ ДЕЛ или КОРЕН на зборот.
  • Деловите што му се додаваат на општиот дел (коренот) на зборот се викаат наставки, а деловите што стојат пред коренот
Повеќе >>

Збороформа

Збороформа е варијантата на зборот која се наоѓа во различни контексти. Се работи за збор кој не го менува своето основно значење, но во зависност од опкружувањето добива различни граматички белези.

(корен+флексија=збороформа)

На пр.: ГРАД – градот, градов, градон, градови, градовите, итн.

Ако од зборот ГРАД создадеме нов збор, со друго значење, на пример: градба, градилиште, градинка и сл., тогаш не станува збор за збороформа. Наставките што сме ги додале на зборот се зборообразувачки, а не формообразувачки. Со нив сме … Повеќе >>

Морфолошка поделба на зборовите

Морфолошка поделба на зборовите е групирањето на зборовите според надворешните, односно граматички карактеристики.

Има повеќе поделби на зборовите.

Најстара е онаа поделба во која зборовите се групирани според своите внатрешни својства. На пример, сите зборови што означуваат име на нешто (предмет, појава, чувство итн.) спаѓаат во групата именки. Другите групи ги сочинуваат: придавки, заменки, глаголи, броеви, прилози, предлози, сврзници, извици, честици и модални зборови.

Морфолошки, според своите надворешни својства, зборовите се делат на: менливи и неменливи.
1. Менливите зборови може … Повеќе >>

Именки

Именки се зборови што означуваат поим за некој предмет и за сето она што го мислиме опредметено.

Со именките се означуваат суштества, предмети, појави и поими.

 

 

Традиционално, именките се делат на:

1. Општи 
– оние именки што означуваат родов поим (еднородни предмети или суштества), имиња на предмети или суштества од кои има многу во светот (стол, табла, креда, човек, мачка, теле, град, река);
– го означуваат материјалот или составот (материјални) (железо, вода, сол, шеќер);
– означуваат множество еднородни

Повеќе >>

Глаголот СУМ

Употреба на глаголот сум

Глаголот сум има три функции во македонскиот јазик.

Тој се употребува при градбата на сложените глаголски форми, може да биде дел на именскиот прирок (глагол врска) и може да се употреби самостојно.

На пример:

  1. Ја сум учел германски. Јас бев учел германски.
  2. Ти си ученик. Ти беше ученик.
  3. Тој е дома. Тој беше дома.

Во првиот пример, сум е употребено како помошен глагол, образувајќи ги формите на минато неопределено и предминато време.

Во вториот пример, … Повеќе >>