Написи

Национален (општонароден) јазик; дијалектен и литературен јазик

Национален јазик
Национален јазик е јазикот што го говори една организирана група луѓе (народ, нација). Овој јазик е природен и се формирал долг временски период. Јазикот се јавува спонтано од потребата луѓето да ги разменат своите мисли и чувства. Секоја организирана заедница создава свои знаци и развива свој специфичен јазичен систем.
На пример, зборот „не“ во македонскиот јазик е негација, во грчкиот јазик е потврдна честица, а во албанскиот е заменка за 1.л.множина. Секоја од овие заедници постигнале различен договор
Повеќе >>

Функциите на јазикот

 Функциите на јазикот може да бидат : референцијална, емотивна, конативна, фатичка, метајазична, поетска.
За да ги определиме компонентите на една комуникација, треба да одговориме на следните прашања:
1. За што служи јазикот?
2. Кој учествува во комуникацијата?
3. Што треба да знаат учесниците во комуникацијата?
4. Што е поентата на секоја комуникација, што сакаме да пренесеме, испратиме?
5. Низ што се одвива комуникацијата?
Кога ќе ги одговориме овие прашања, доаѓаме до заклучок од што сè се состои комуникацијата.
(одговори)

Видови писма (пиктографско, идеографско, фонетско)

Писмото е визуелно претставување на говорот.

Исконската потреба на човекот да остави трага зад себе довела до појавата на писмото. Писмото е една од најголемите придобивки на цивилизацијата, бидејќи на тој начин се пренесуваат информациите од генерација на генерација.

Во најдалечното минато луѓето своите мисли ги претставувале преку цртежи. Во науката ова е познато како пиктографско писмо. Тоа е најстариот организиран систем на знаци. Ова писмо лесно се чита затоа што не претставува ни еден јазик, туку преку цртежите
Повеќе >>