Написи

Глаголски начин

Под глаголски начин како граматичка категорија го подразбираме односот на говорителот кон глаголското дејство во реченицата.

Едно исто дејство некогаш можеме да го предадеме како констатција или соопштение, другпат во вид на заповед или молба, а некогаш како можност за вршење под некој услов.

Според ова, разликуваме три начина:

 

а) Исказен.

Со него се искажува реален однос во вид на исказ, соопштение. Ставот на говорителот е неутрален.

На пример:

Петре чита книга.

Ти зборуваш убаво.

 

б) ЗаповеденПовеќе >>

Заповеден начин (императив)

Заповеден начин е проста глаголска форма.

Со заповедниот начин се искажува желбен или заповеден однос кон глаголското дејство.

Заповедниот начин има форми само за второ лице еднина и множина. Се образува со наставките:

 

Во зависност од глаголската група или општиот дел на кој завршува глаголот заповедниот начин се образува со едните или другите наставки:

  • Наставките -ј; -јте ги добиваат глаголите од а-група и глаголите од и- и е-група чиј општ дел завршува на самогласка (стои, пие). Кај глаголите
Повеќе >>

Можен начин (потенцијал)

Можен начин е сложена глаголска форма. Со него се искажува глаголско дејство за кое се претполага дека е можно да се изврши под некој услов.

Има една форма за еднина и една форма за множина. Од сите временски и начински форми, можниот начин има најупростена форма.

Се образува со честичката би и глаголската л-форма.

На пример:

  • Бидејќи формите за сите три лица се исти, лицето се определува со лична заменка, со предметот или на некој поинаков начин.
    На
Повеќе >>