Написи

Пример за пишување писмена работа

На темата: Социјалните мотиви во делата на македонските драматурзи меѓу двете светски војни – ќе дадеме пример за пишување писмена работа

Времето за изработка на писмената работа од 45 минути нè ограничува, па затоа мора сконцентрирано да се насочиме кон:
  1. големината на текстот (од 300 до 350 збора);
  2. одговарање на темата (да внимаваме да не ја промашиме темата и да не раскажуваме непотребно);
  3. да поставиме од 3 до 4 прашања (тези) на кои ќе одговориме;
  4. да ги заокружиме во
Повеќе >>

Видови есеи

Постојат различни видови есеи:
– компаративен – каде се споредуваат две нешта  (со нивните сличности и разлики);
– критички – може да биде позитивен или негативен; 
– дедуктивен – каде прво се дава претпоставката, па доказот и на крајот заклучокот;
– дефинирачки – каде се претставува терминот што ќе се дефинира, се даваат основни информации за него, и на крајот се даваат примери или експерименти;

Есеј – структура и композиција

Зборот есеј потекнува од францускиот essai кој значи оглед, осврт, обид, експеримент.

Есејот е краток прозен текст, со критички, филозофски и публицистички елементи, каде авторот со секојдневен јазик разработува актуелни културно-општествени проблеми за кои сè уште нема јасен став во јавноста или има многу различни ставови.

Во есејот доаѓа до израз личниот став на авторот, неговиот избор на проблемите кои ќе ги опфати, неговиот сопствен стил на изложување и заклучување, но мора да има мисловна разработка на проблемот, како Повеќе >>
Гилгамеш

Писмена работа за „ Гилгамеш “

Ликот на бесмртниот Гилгамеш

 

Животот е убав. Животот е исполнет со сонце, со надеж, со стремеж кон убави цели. Животот е чукање на срцето кога сме среќни, земање длабок здив од чист воздух, полнење на окото со прекрасен поглед. Животот е најубавиот подарок од боговите, кој, за жал, трае само миг и потоа згаснува. Животот е убав, особено ако си богат крал кој има сè што ќе посака.

Гилгамеш, кралот на Урук, знаел вистински да ужива во животот. Тој … Повеќе >>

Писмена работа за „Илијада“ – Ахил

Предлог писмена работа за „Илијада“ од Хомер

Гневот на Ахил

 

При првата средба со Хомеровата „Илијада“ се бориме да ги совладаме необичните стихови, првпат слушнатите епитети, но полека стануваме дел од древната приказна за десетгодишната Тројанска војна.

Уште на првите страници – тој: најубавиот, најхрабриот, „брзоногиот“, „боголикиот“, „синот Пелеев“ – Ахил. Неговото убаво лице се грчи од гнев заради навредата од Агамемнон. Тој не поднесува навреда и неправда! Ни мудроста на грчките војсководци, ни напредувањето на Тројанците не успеваат … Повеќе >>