Написи

Нови критериуми за оценување есеј за матура

Од 2015 година есеите на државната матура се оценуваат по нови критериуми.

А. Јазик – вкупно 2 поена:

правопис и интерпункција – 1 поен;

синтакса – 1 поен.

1. Правопис:

– употреба на мала и голема буква;

– слеано и разделно пишување на зборовите;

– пренесување на зборовите;

– правопис на зборови

– правилна употреба на интерпункциски знаци.

2. Синтакса:

– правилна синтаксичка композиција на реченицата и нејзина функционална употреба.

 

Б. Композиција на текст – вкупно 2 поена;

Во … Повеќе >>

Пример за пишување писмена работа

На темата: Социјалните мотиви во делата на македонските драматурзи меѓу двете светски војни – ќе дадеме пример за пишување писмена работа

Времето за изработка на писмената работа од 45 минути нè ограничува, па затоа мора сконцентрирано да се насочиме кон:
  1. големината на текстот (од 300 до 350 збора);
  2. одговарање на темата (да внимаваме да не ја промашиме темата и да не раскажуваме непотребно);
  3. да поставиме од 3 до 4 прашања (тези) на кои ќе одговориме;
  4. да ги заокружиме во
Повеќе >>

Писмена работа (насоки за оценување)

Писмена работа по македонски јазик е ЕСЕЈ кој секој ученик го пишува на часот, а претходно се подготвува за посочената област.
Учениците имаат насоки кои теми ќе бидат опфатени, но не им се дава конкретната тема.
Така, на пример, по обработката на темата од македонската литература меѓу двете светски војни, писмената работа ќе ги опфати драмите на Васил Иљоски, Антон Панов и Ристо Крле; односно, социјалните, љубовните, битовите мотиви или мотивот на парите – опфатени во еден текст. Или, машките
Повеќе >>

Литературен есеј

Литературен есеј се пишува за објаснување, критика или давање личен став за некое литературно дело (расказ, роман, песна, драма…). Може да се однесува за целото дело (во вид на лектира) или да се одговори на определена, конкретна тема (на пример, за ликовите, за некој мотив од делото, за стилот на авторот итн.)
.
1. Во воведот на литературниот есеј е добро да се биде краток, да се дадат само сугестии, односно да се посочи Повеќе >>

Есеј – структура и композиција

Зборот есеј потекнува од францускиот essai кој значи оглед, осврт, обид, експеримент.

сејот е краток прозен текст, со критички, филозофски и публицистички елементи, каде авторот со секојдневен јазик разработува актуелни културно-општествени проблеми за кои сè уште нема јасен став во јавноста или има многу различни ставови.

Во есејот доаѓа до израз личниот став на авторот, неговиот избор на проблемите кои ќе ги опфати, неговиот сопствен стил на изложување и заклучување, но мора да има мисловна разработка на проблемот, како и Повеќе >>