Написи

Пишување на согласките В и Ф

Гласовите В и Ф се пар од звучна и безвучна согласка.

Според македонскиот Правопис, согласката В не се едначи по звучност.

Таа се пишува:

  • на почетокот од зборот кај: влез, внатре, внесе, внук, втор, втораче, вторник, второлигаш, второстепен, вторпат, вчера;
  • на други позиции во зборот: був, евтин, евтинија, кожув, мавта, мавне, фреквенција и сл.

Гласот в не се пишува и не се изговара во следниве случаи:

  • во почетокот на зборот: заемен, заемно, заемност;
  • во глаголите: преземе, заземе;
Повеќе >>

Пишување на Ќ и Ѓ

Според правописот, согласките Ќ и Ѓ се пишуваат или не се пишуваат во следните случаи:
.
Пишување на Ќ
.
Ќ се пишува:
.
1. во честичката за идно време ЌЕ;
На пример: ќе одам, ќе учам.
.
2. во наставката -ЈЌИ за образување на глаголскиот прилог;
На пример: одејќи, спиејќи.
.
3. во зборовите и формите: нејќе, синоќа, плеќи, сваќа, сфаќа, смеќава, ќути, ќерка, куќа;
. 
4. се среќава во голем број зборови од туѓо потекло (турски и Повеќе >>