Написи

Песна над песните (од „Библијата“)

1. Соломоновата Песна над песните

2 Бакни ме со бакнеж на својата уста, твојата љубов е послатка од вино.
3 Мирис на најдобрите мириси, твоето име е разлеано масло, затоа те љубат девиците.
4 Повлечи ме по себе, да бегаме! Царот ме воведе во своите соби. Ќе се веселиме и ќе се радуваме заради тебе, ќе ја славиме твојата љубов повеќе од виното; достојно е да те љубат!
5 Ерусалимски ќерки, црна сум, но убава, како кедровите шатори, како Соломоновите
Повеќе >>
Константин Миладинов (1830-1862)

Константин Миладинов – поетско творештво

онстантин Миладинов (1830-1862) е основоположник на македонската уметничка поезија. (Пред него стихови напишале Кирил Пејчиновиќ и Џинот, но без уметничка вредност.)

Константин е најмалото, седмото дете во семејството, родено неколку месеци по смртта на таткото. Сепак, имал полесни услови за школување поради брат му Димитрија кој го зел под своја закрила. Кај него го завршил основното училиште, гимназија завршил во Јанина, а на студии се запишал на Филозофскиот факултет во Атина (3 години). Сакајќи да се школува на словенски јазик

Повеќе >>
Хомер

Хомер – „Илијада“

Хомер

Биографски податоци за Хомер речиси не постојат. Не се знае каде е роден, не се знае во кое време живеел. Само се претпоставува дека живеел во периодот меѓу XII и VII век пред наша ера. Нему му се припишуваат монументалните епопеи „Илијада“ и „Одисеја“. Кога е создадена „Илијадата“, исто така, не се знае, но  античките поети од VII век п.н.е. знаеле за неа и ја споменуваат во своите дела, па така може да се заклучи дека е создадена најдоцна

Повеќе >>

Матурски прашања за „Бели мугри “ (8.2011)

Матурскиот тест од август 2011 ја содржеше следнава задача за „Бели мугри “:

 

Прочитај ја песната „Печал“ од Кочо Рацин и одговори на поставените прашања.

Печал

Нема ли живот, нема ли
љубов за живот голема,
љубов за живот човечна
у вија гради аргатски?

Нема ли срце, нема ли
срце – на срце срцето,
срце – ширини широко
срце – длабини длабоко –
цел свет да збере, па да е
за вија гради малечко?

Нема ли бел ден, нема ли… Повеќе >>

Блаже Конески (1921-1993)

Блаже Конески, живот и поетско творештво

Блаже Конески (19 декември 1921 – 7 декември 1993) е истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик – прв претседател на Македонската акадамија на науките и уметностите (МАНУ), поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност.

 


лаже Конески е роден во село Небрегово, Прилепско, каде живее до својата осма година. потоа, целото семејство се

Повеќе >>