Написи

Блаже Конески (1921-1993)

Болен Дојчин (народна и авторска песна)

Споредба на народната песна Болен Дојчин со песната на Блаже Конески

За да може да се направи споредба, мора да се познаваат двете песни, народната Болен Дојчин – изворот на инспирацијата, а потоа авторската, продуктот на инспирацијата, песната од Блаже Конески.

Болен Дојчин – народна песна

Голем јунак во нашата народна песна е Болен Дојчин, мотив често обработуван и во современата литература (песни, драми). Дојчин не е историска личност (барем нема податоци за реалната личност), тој е измислен

Повеќе >>
Ацо Шопов (1923-1982)

Ацо Шопов, живот и поетско творештво

За животот на Ацо Шопов

Ацо Шопов (1923-1982)

Ацо Шопов е роден во Штип каде завршува основно училиште и гимназија. Филозофски факултет завршил во Скопје.

Шопов бил активен учесник во НОБ од 1941 година.
По ослободувањето, работел и живеел во Скопје, каде бил уредник на неколку литературни списанија. Издал повеќе збирки поезија, но и активно преведувал, претежно од југословенски автори, но и дела од Шекспир, Корнеј, Крилов и др.

Македонската повоена поезија се дели во три фази кои ги следи и
Повеќе >>
Гане Тодоровски

Гане Тодоровски „Седум навраќања кон мотивот трепетлика“

За животот и делото на Гане Тодоровски

Гане Тодоровски

Гане Тодоровски е роден 1929 година во Скопје, каде завршил основно училиште, гимназија и Филозофски факултет. Работел во весникот Млад борец, потоа како асистент, а по докторирањето станува редовен професор на Филозофскиот факултет. Почина 2010 година во Скопје.

Автор е на збирките поезија: Во утрините“(1951), Тревожни звуци“(1953), Спокоен чекор“(1956), Божилак“(1960), Апотеоза на делникот“(1964),
Повеќе >>
Гане Тодоровски

Избор песни од Гане Тодоровски

Гане Тодоровски на специфичен начин, на сосема свој јазик ја создава својата поезија. Дел од неа е урбана, современа, каде ја искажува својата загриженост за човековото секојдневие во светот во кој живееме.
Во продолжение се дадени избор од три песни на Гане Тодоровски: „Нашинска“; „Фуснота без повод“ и „Нерези“
НАШИНСКА

Да ни е да сме доста
колку да се разбистри небото
над Бистрине, Корабине –

Да ни е да сме доволно
колку за да се

Повеќе >>
Матеја Матевски

Матеја Матевски (избор песни)

За животот на Матеја Матевски

Матеја Матевски
Матеја Матевски е роден во Истанбул, 1929 година. Детството го поминал во Гостивар, а студирал во Белград и Скопје, каде завршил Филозофски факултет. Прво работел како наставник по македонски јазик, а потоа како новинар во Радио Скопје. Бил генерален директор на Радио-телевизија – Скопје.
Од 1956 година е член на Друштвото на писателите на Македонија и одреден период ја вршел функцијата негов претседател. Матевски е член на МАНУ каде бил претседател во
Повеќе >>