Написи

Запирка (,)

            А. Запирка во проширената реченица

            1. Со запирка се одделуваат еднаквите делови во реченицата (подмети, предмети, атрибути), како набројување.
            На пр.: Доматите, пиперките, морковите и компирите беа скапи оваа година.
            2. Апозицијата се одделува со запирка.
            На пр.: Тони, мојот сосед, има убаво куче.
            3. Извиците се одделуваат со запирка.
            На пр.: Оф, нешто ме боцна!
            4. Вметнатите зборови и изрази се одделуваат со запирка.
            На пр.: Вие, се разбира, сте во право.
            5. Повеќе >>

Точка (.)

1. Точка се пишува на крајот од расказните реченици и на крајот од речениците со кои се искажува блага заповед.

            На пр.: Денес ќе ручаме подоцна.
       Јади убаво, те молам.
            2. Правописно точка се пишува кај скратениците.
            На пр.: и сл., и др., итн., г. (но, не кај сите! Види: Скратеници и скратување на зборовите.)
            3. Кога набројуваме зад редните броеви ако се напишани со арапски цифри се пишува точка.
            На пр.: 1. ——– Повеќе >>