Написи

Современи правци во литературата

од современа литература се подразбира литературата создавана во дваесеттиот век, а уште повеќе литературата по Втората светска војна.

Како последен правец во литературата од XIX век се смета реализмот, а потоа при крајот на XIX и почетокот на XX век се појавуваат неговите продолженија – натурализмот и социјалистичкиот реализам.

Натурализмот подразбира реализам без стилизирање и идеализирање, прикажување на стварноста таква каква што е – со своите неубави, непристојни и тажни, во детали опишани слики. Овој правец го започнува францускиот писател … Повеќе >>

Реализам – појава и подвидови

Правецот реализам се појавува во услови на целосен напредок на науката, во триесеттите години од XIX век. Прво се појавува во Франција, за набрзо да се рашири и во другите европски земји.

1. Одразување на животната стварност, но не како буквално фотокопирање, туку како обопштување (од повеќе слични ситуации или личности се прави избор и се создава еден, односно се обопштува);

2. Се анализира, се критикува и се бара разрешување;

3. Создавање на типични карактери во типична средина (типизирање –

Повеќе >>

Натурализам

атурализам е правец кој ја претставува последна фаза на реализмот и егзистира во периодот од 1870 до 1890 година.

Терминот натурализам е преземен од филозофијата каде означува материјализам, епикурејство (лагодност на животот) и световност.
Натуралистите го потенцираат човековото биолошко потекло, како и влијанието на средината. Тие многу внимание му обрнуваат на детаљот при фактографското и аналитичкото прикажување на стварноста.
Главен претставник и заговорник на натурализмот е францускиот писател Емил Зола. Тој собира натуралистичка група автори кои објавуваат збирка раскази во … Повеќе >>

Социјалистички реализам

свен како натурализам, реализмот наоѓа свое продолжување во 20.век, во земјите со социјалистичко уредување. Тој се оформува 1934 година во Советскиот Сојуз на конгресот на писателите кога Максим Горки во својот реферат ги дава основните поставки на правецот. Всушност, со новото уредување, писателите сметале дека треба да има и нова литература – литература која ќе ги сублимира најдобрите работи од реализмот и романтизмот.
Социјалистичкиот реализам треба да прикаже определени негативни појави во животот, но многу повеќе да биде полетен, оптимистички … Повеќе >>

Македонската литература на преминот од 19 во 20 век

Како историско продолжување на литературното творештво на македонските преродбеници ги сметаме: големиот собирач на народни приказни Марко Цепенков и првиот македонски драмски автор Војдан Чернодрински, кои живееле и твореле на преминот од 19 кон 20 век.

.

ако во Охрид е создадена словенската писменост и првиот Универзитет, сепак, македонската литература го нема истиот историски развиток како светската, односно европската литература. Силното грчко влијание во Византија, потоа петвековното османлиско владеење, Балканските војни и распарчувањето на Македонија меѓу соседните штотуку создадени држави,

Повеќе >>