Написи

Ристо Крле (1900-1975)

Ристо Крле „Парите се отепувачка“

исто Крле е роден во Струга 1900 година, во семејство на чевларски мајстор. Завршил основно училиште и први клас гимназија до 1912, а втори клас се запишал дури четири години подоцна, под бугарска окупација. Рано останал без татко, па повторно бил приморан да го напушти школувањето и да работи.

Од 1920 до 1924 активно учествува во аматерската театарска група „Црн Дрим“. Следната 1925 година заминува во Подградец, Албанија, каде работел како чевлар. Тогаш ја слушнал приказната која ќе го опседне … Повеќе >>

„ Илијада “ (раскажана)

 

 

„ Илијада “ е составена од 24 пеења каде се опишани последните педесетина дена од Тројанската војна. Погледнете ги причините и поводот за започнувањето на Тројанската војна:

(За подобро да ја разберете прочитајте го и воведот во „Илијадата“.)


1 пеење

 

 На почетокот од епопејата е прикажана кавгата меѓу Ахил и Агамемнон заради робинки.

Агамемнон ја грабнал робинката Хрисеида која Ахил бара да ја врати, бидејќи  боговите биле против тоа грабнување. Агамемнон им се повинува на боговите,

Повеќе >>
Славко Јаневски (1920-2000)

Славко Јаневски „Улица“

Славко Јаневски (1920-2000) е роден во Скопје, каде завршил основно и средно техничко училиште.

Во текот на Втората светска војна се наоѓа во Белград и и се приклучува на Козјачката партизанска бригада. По војната живее и работи во Скопје каде се посветува на литературното творештво. Бил директор и уредник на издавачката куќа Македонска книга“. Од 1967 година е член на МАНУ. Ги покренува првите детски списанија и е автор на првиот македонски роман – Село зад седумте јасени“.
Повеќе >>
пустина - Ѓорѓи Абаџиев (1910-1963)

Ѓорѓи Абаџиев „Пустина“ (раскажана)

Ѓорѓи Абаџиев (1910-1963) е роден во Дојран, но за време на Првата светска војна, неговото семејство емигрира прво во Грција, а потоа во Бугарија. Во Софија живее до 1948 година каде се школува, учи гимназија и студира право. Членува во „Македонскиот литературен кружок“ заедно со Вапцаров, Неделковски и други, каде ја започнува својата литературна дејност. 1948 доаѓа во Скопје каде живее до крајот на животот.
Неговото целокупно литературно творештво му припаѓа на жанрот на историската белетристика. Напишал неколку збирки раскази

Повеќе >>
пиреј

„ Пиреј “ од Петре М. Андреевски (раскажана)

„ Пиреј “ е првиот роман на Петре М. Андреевски.
Насловот на романот е симболичен, односно преку троскотната трева пиреј, авторот го прикажува својот непокорлив народ. Лазор Ночески (спореден лик од романот, народен мудрец) јасно нагласува:
Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не
Повеќе >>