Написи

„ Странецот “ – Албер Ками (раскажана)

Албер Ками (1913 – 1960) е роден во Мондови, мало место во Алжир, во сиромашно земјоделско семејство. Поради немаштијата бил принуден да работи и да се школува. Завршил студии по филозофија, а потоа работел како новинар во Алжир и во Париз. Во 1942 година се приклучува во движењето на отпорот кога ги пишува своите Писма до еден германски пријател“, во кои го критикува фашизмот.  Ја добива Нобеловата награда за литература 1957година.
Загинува во сообраќајна несреќа, 1960 година.

Тој

Повеќе >>
Албер Ками

„ Недоразбирање “ од Албер Ками

Албер Ками е претставник на современата литература, на егзистенцијализмот, и според правецот и времето во кое творел, нема голема врска со нашите драматурзи од времето меѓу двете светски војни. Но, инспирацијата за драмата „Недоразбирање“ е поврзувачката нитка. Имено, Албер Ками прочитал во весник за случката која со години го измачувала Р.Крле да ја напише „Парите се отепувачка“, и тој, на свој начин ја обработил истата тема. Додека Крле се трудел да ја задржи вистинитоста на приказната, да ја смести

Повеќе >>
Семјуел Бекет (1906 – 1989)

Семјуел Бекет „Чекајќи го Годо “

Животот на Бекет

Семјуел Бекет (1906 – 1989)

Семјуел Бекет е претставник на театарот на апсурдот, односно антидрамата. Апсурдноста која започнува со егзистенцијализмот во антидрамата е уште понагласена. Таа се постигнува со повторување на исти бесмислици како средство за комуникација и отфрлајќи ги класичните драмски белези.

Бекет е раскажувач, критичар и драмски писател кој својата слава ќе ја здобие со драмата Чекајќи го Годо “. Таа ќе ги подели мислењата на критичарите, но и ќе го одбележи столетието.
Роден е 1906
Повеќе >>
црно семе

„ Црно семе “ Ташко Георгиевски

За животот и делото на Ташко Георгиевски

црно семе

Ташко Георгиевски е роден 1935 година во с. Крончилево, Воденско, Егејска Македонија. Неговото творештво е целосно преокупирано со егејската тема, односно со прогонот и ужасната судбина на македонскиот народ од Егејска Македонија по Граѓанската војна во Грција.

Негови најпознати романи се: Луѓе и волци“, Ѕидови“, „ Црно семе “, Змиски ветар“, Време на молчење“, Црвениот коњ“, Рамна земја“, Исчезнување“; и тие всушност претставуваат една целина, како

Повеќе >>
големата вода

Живко Чинго „ Големата вода “

За животот на Живко Чинго

големата вода

Чинго е роден во селото Велгошти, Охридско, 1935 година, каде го започнува своето школување, а го продолжува во Охрид и во Скопје. По завршувањето на Филозофскиот факултет работи како професор во гимназијата во Охрид. Потоа доаѓа во Скопје и работи во весниците: „Студентски збор“, „Млад борец“, потоа во РТС, во Центарот за политички студии, во Републичкиот комитет за култура. Исто така, бил советник во Министерството за култура и директор на МНТ. Добитник е на највисоките

Повеќе >>