Написи

„Копачите“ од Кочо Рацин

„Копачите“ е песна од стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин.
Таа е лирска песна со експресионистичко-револуционерен мотив.
„Копачите“ е последната песна во збирката и единствената во која поетот јасно повикува на борба против тешкиот аргатски живот, повикува на револуција.
Копачите

 

Се к’ти ноќта црна!
Се рути карпа — мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори —
над карпа в крв се мие
и темнината пие
силно
светнал
ден!

.

Пробудете се морни
копачки

Повеќе >>

„Ленка“ од Кочо Рацин

„Ленка“ е една од песните од стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин.
Таа е лирско-епска песна, елегија.

Ова е можеби најпознатата, антологиската песна на Рацин.

Ленка
                              „Билјана платно белеше…“
Откако Ленка остави
кошула тенка ленена
недовезена на разбој
и на наломи отиде
тутун да реди в монопол —
лицето ѝ се измени
веѓи паднаја надолу
и усти свија кораво.
.
Не беше Ленка родена
за тија пусти тутуни!
Тутуни — жолти отрови
за гради — китки розови.… Повеќе >>

„Тутуноберачите“ од Кочо Рацин

„Тутуноберачите“ е една од песните од стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин.
Таа е лирска, социјална песна, со аргатски мотив.
Вечната македонска мака со тутунот и тутуноберачите Рацин поетски ја преточил во оваа песна.
.
Тутуноберачите
.
На кантар студен со туч го мерат
а можат ли да го измерат,
нашиов тутун — нашава мака
нашава солена пот!
.
Од темни зори на утрини летни
до никоја доба на вечери зимни
тој гладно пие тагата наша

„Денови“ од Кочо Рацин

Песната „Денови“ е дел од стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин.

Таа е лирска, социјална песна со аргатски мотив.

Денови

Како на вратот ѓердани
ниски камења студени,
така на плешки денови
легнале та натежнале

Денови ли се — денови
аргатски маки големи!

Стани си утре порано
дојди си вечер подоцна,
наутро радост понеси
навечер тага донеси —

ај пуст да е, пуст да би
останал живот кучешки!

Роди се човек — роб биди
роди се човек — … Повеќе >>

„Бели мугри“ од Рацин

Стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин е составена од 12 песни, од кои 2 се циклуси (со по 6 и 7 песни) напишани на велешки дијалект со примеси од западномакедонските говори, во кои доминираат социјалните и револуционерните теми.

Според лирскиот вид, сите песни во збирката се социјални, а мотивите се: аргатски, печалбарски, за пропаднатите занаети, елегични и револуционерни.

Насловот на стихозбирката е симболичен — пејзаж кој е посакуван од работниците, аргатите и сите експлоатирани луѓе. Тоа е ново утро,

Повеќе >>