Написи

Епски народни песни

Основен мотив во нашите епски песни е љубовта кон татковината и величање на јунаштината на историски познати и непознати личности. Идеализацијата на јунакот е главната цел во песните.

Нашите епски песни се одликуваат со богата идејна содржина.

Жанровски разликуваме:
– неисториски (со митолошки, религиозно-легендарни мотиви) епски песни;
– историски (јуначки, ајдутски, револуционерни, партизански) епски песни.

 

Јуначки епски песни

Јуначкиот епос почнал да се развива кон крајот на четиринаесеттиот век во времето на потпаѓањето на нашиот народ под турско ропство.

Повеќе >>

Романтизам

Роматизам е правец кој се јавува како реакција на просветителската и псевдокласичарската (класицистичка) литература.  Како директна спротивност на рационалистичкото величање на разумот и објективното гледање на светот, како и рамките и ограничувањата на класицизмот во творечка смисла; авторите во романтизмот прокламирале целосна слобода во литературното творење и крајно субјективен став кон животот и стварноста.

Општествени прилики

Појавата на европскиот романтизам е условен од општествените прилики на преминот од 18 во 19 век.  Политичката превласт на буржоазијата која во Англија извојувала

Повеќе >>
Странствувањето на Чајлд Харолд

Бајрон – „Странствувањето на Чајлд Харолд“

орд Џорџ Гордон Бајрон (1788-1824) е претставник на романтизмот од Англија.

Неговото семејство било со благородничко потекло, но осиромашено. Кога имал 10 години, починал некој негов братучед и од таму се стекнал со богатство и лордовска титула. Ова му овозможило да се школува во Кембриџ, а потоа да биде член на англискиот парламент. Таму ги застапувал правата на работниците и затоа конзервативците го мразеле и јавно го напаѓале. Разочаран од нападите решил да ја напушти Англија и да ги посети

Повеќе >>
Александар Сергеевич Пушкин (1799-1837)

Александар Сергеевич Пушкин

лександар Сергеевич Пушкин (1799-1837) е роден во Москва 1799 година, во благородничко семејство. Бил воспитуван и образуван од приватни учители од кои го научил францускиот јазик. Неговата дадилка, пак, му ја всадила љубовта кон рускиот фолклор и народ.

Се школувал во Лицејот во Царско Село, училиште само за децата на руските аристократи каде се стекнал со солидна наобразба. Учествувал во литературниот кружок „АРЗАМАС“ и во кружокот на декабристите „Зелената ламба“. (Декабристите се учесници во востанието од 14 декември 1825 г. … Повеќе >>

„ Евгениј Онегин “ од Пушкин

оманот „ Евгениј Онегин “ го сочинуваат осум пеења, со различен број песни. Александар Сергеевич Пушкин ја создал онегинската строфа составена од 14 стиха.

Иако поетот е претставник на романтизмот, романот е замислен врз реалистична основа каде се запознаваме со секојдневните настани од животот на руското дворјанство.
Темата во романот е љубовта; младешката, идеализирана и неостварена љубов на Татјана кон Онегин и нејзиното созревање.
Времето на случување се дваесеттите години од деветнаесеттиот век, во Петроград, на село и во Москва.
Повеќе >>