Написи

„ Процес “ од Франц Кафка

Животот е процес – долг судски процес во кој сите ние сме осудени на смрт. Кафка, преку алегорична слика на судски процес, ни ја претставува бесмислата на живеењето, апсурдноста на секојдневието, изгубеноста на човекот во современото општество.

Ако Мерсо во „Странецот“ сам си е виновен што не пронаоѓа смисла, ако Владимир и Естрагон се осудуваат на вечно чекање на Годо, овде, Јозеф К. ништо не може да промени, со ништо не може да повлијае – сѐ е крајно и

Повеќе >>
црно семе

„ Црно семе “ Ташко Георгиевски

Ташко Георгиевски е роден 1935 година во с. Крончилево, Воденско, Егејска Македонија. Неговото творештво е целосно преокупирано со егејската тема, односно со прогонот и ужасната судбина на македонскиот народ од Егејска Македонија по Граѓанската војна во Грција.

Негови најпознати романи се: Луѓе и волци“, Ѕидови“, „ Црно семе “, Змиски ветар“, Време на молчење“, Црвениот коњ“, Рамна земја“, Исчезнување“; и тие всушност претставуваат една целина, како дело во продолженија.

 

Во низата романи
Повеќе >>
големата вода

Живко Чинго „ Големата вода “

Чинго е роден во селото Велгошти, Охридско, 1935 година, каде го започнува своето школување, а го продолжува во Охрид и во Скопје. По завршувањето на Филозофскиот факултет работи како професор во гимназијата во Охрид. Потоа доаѓа во Скопје и работи во весниците: „Студентски збор“, „Млад борец“, потоа во РТС, во Центарот за политички студии, во Републичкиот комитет за култура. Исто така, бил советник во Министерството за култура и директор на МНТ. Добитник е на највисоките македонски и југословенски награди. Пишувал

Повеќе >>

Анѓелко Крстиќ („Трајан“)

Анѓелко Крстиќ (1871 – 1953)

 

нѓелко Крстиќ е роден е во село Лабуништа, Струшко, каде и починал.
Се школувал во Белград, а потоа како учител во српска служба учителствувал во повеќе мали места во Македонија.
Пишувал раскази, патеписи, напишал една драма и еден роман: „Трајан“. Своите дела ги пишувал на српски јазик.

Во романот „Трајан“ се опишани четириесет мачни печалбарски години на главниот лик.
Дејствието на романот започнува уште од времето на Турците, кога малиот Трајан работи како измеќар,
Повеќе >>

„ Злосторство и казна “ од Достоевски

 

„ Злосторство и казна “ од Достоевски е реалистичен, психолошки роман во кој има елементи и на социјален, криминалистички и филозофски роман. Тој е, исто така, полифоничен роман (каде се вклучени општествената и социјалната реалност, но и психичката реалност на поединецот).

Темата и идејата на романот се содржани во насловот. Темата е злосторство, двојното убиство што го извршува Раскољников и казната што следува (повеќе психичка, отколку физичка). Во таа психичка казна е содржана и идејата – дека човекот

Повеќе >>