Написи

Синтакса – вовед (именска група, реченица, сложена реченица, врзан текст)

Зборот синтакса значи „редење, распоред на зборовите“.

Синтакса е дел од науката за јазикот која се занимава со јазично точниот редослед на зборовите во реченицата.
Таа ги разгледува законите по кои зборовите се врзуваат во реченица и по кои се гради проста или сложена реченица.
Реченицата е централна синтаксичка единица.
Помала од реченицата е групата (синтагма или фраза), поголема е сложената реченица, а сите тие поврзани во смисловна целина сочинуваат врзан текст.
  1. Именската група
Повеќе >>

Морфосинтакса

Морфосинтакса е поддисциплина на лингвистиката.

Неа ја сфаќаме како премин од морфологијата кон синтаксата. Заедничкото на тие две науки е дека се занимаваат со збороформите. Морфологијата со стуктурата на збороформите, а синтаксата со нивната способност да воспоставуваат врски со други збороформи и со нив да формираат синтаксички единици.

Според морфологијата, зборовите се делат на менливи и неменливи. Таму спаѓаат сите видови зборови: именки, придавки, заменки, броеви, глаголи (менливи); прилози, предлози, сврзници, честици, извици и модални зборови.

Според синтаксата, зборовите ги … Повеќе >>

Реченица

Реченица е синтаксичка единица организирана според правилата на јазикот која има еден прирошки показател (личноглаголска форма).
Односно, реченицата содржи еден прирок, а зборовите во неа се подредени според синтаксичката шема на јазикот (во точен редослед).
.
На пример: Ја сунѓер со таблата сув Дамјан брише.
.
Во примерот имаме неколку зборови, имаме и прирок – брише, но зборовите не се подредени така за да може да ја сфатиме смислата. Тие се во неправилен Повеќе >>

Граматичка структура на реченицата (реченични членови)

Реченицата има своја граматичка структура.
Таа е составена од членови, и тоа:
.
  1. Главниподмет и прирок;
  2. Неопходнипредмет (директен, индиректен, предлошки), додатоци на прирокот (за место, време, количество, цел, намера итн.);
  3. Второстепени (не се неопходни) – атрибут и апозиција (додатоци на именските зборови).
.
Главни реченични членови
.
Основен член на реченицата е прирокот. Без прирок (личноглаголска форма) нема реченица.
Но, прирокот, самиот не ја сочинува целата реченица. Ретко Повеќе >>

Безлични реченици

Безлични се оние реченици кај кои прирокот не отвара место за подмет.
Дејствата или состојбите во овие реченици се без некаков вршител затоа што:
  • не сме во состојба да го именуваме вршителот (Грми.);
  • може да го именуваме, но не сакаме; се апстрахираме од вршителот давајќи му предност на дејството (Тука се работи деноноќно.);
  • вршителот е сигнализиран со кратка заменска форма (Му се спие.);
  • со безличниот глагол има, во неговото значење постои (Тука
Повеќе >>