Написи

Писмена работа за „Пиреј“

Македонец сум, во Македонија, дел од македонскиот народ и нашата мачна македонска историја и сегашност. Кога ќе ги повторам зборовиве, сè ме потсеќа на мака, мака и само мака. Затоа ли е Македонија? Зашто е созданена со маки, зашто истрајала во маки, зашто со мака опстојала и со маки опстојува?

Петре М. Андреевски вели дека нашето племе е пиреј, дека сме како тревата што не може да се уништи, колку и да нè корнат, скубат, газат, ништат, омаловажуваат – ние … Повеќе >>

Македонската литература по Втората светска војна

 

Македонската литература има свој специфичен развој поради петвековното османлиско владеење, Балканските војни, Светските војни, аспирациите на соседите и наметнувањето на нивниот јазик, немањето свој литературен јазик. Но, по Втората светска војна условите сосема се менуваат. Македонија добива своја држава, свој литературен јазик, своја самостојност. Така литературата доживува еруптивен развој и надокнадување на сето она што е пропуштено во минатото.

  1. Македонската литература има тенденција жанровски да се надополни, односно да се комплетира во оние видови и родови што
Повеќе >>
Стале Попов (1902-1965)

Стале Попов „Крпен живот“

тале Попов (1900-1965) е роден во с. Мелница, Мариовско, како син на свештеник. Образованието го започнал во с. Витолиште, а богословија завршил во Битола. Потоа го завршува Теолошкиот факултет во Белград, каде го затекнува Втората светска војна. Се враќа во Македонија, каде за време на војната се поврзува со Народноослободителното движење и зазема раководни места. По војната доаѓа во Скопје и работи како професор по македонски јазик, на која должност и се пензионира. Почнал со пишување во подоцнежни години (на

Повеќе >>

Писмена работа за „Крпен живот“ од Стале Попов

Предлог писмена работа за романот „Крпен живот“ од Стале Попов

Македонската жена прикажана во романот „Крпен живот“ од Стале Попов

 

Во романот „Крпен живот“ е прикажан животот на едно типично селско, мариовско семејство, при крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век. Особено внимание е посветено на начинот на живеење, обичаите, традицијата, а сето тоа преку двата женски лика, Доста и Митра.

Во семејството Сукалови, отпрво само Митра била жената и домаќинка која се грижела за целото семејство – … Повеќе >>

Славко Јаневски (1920-2000)

Славко Јаневски „Улица“

Славко Јаневски (1920-2000) е роден во Скопје, каде завршил основно и средно техничко училиште.

Во текот на Втората светска војна се наоѓа во Белград и и се приклучува на Козјачката партизанска бригада. По војната живее и работи во Скопје каде се посветува на литературното творештво. Бил директор и уредник на издавачката куќа Македонска книга“. Од 1967 година е член на МАНУ. Ги покренува првите детски списанија и е автор на првиот македонски роман – Село зад седумте јасени“.
Повеќе >>