Написи

Коле Чашуле (1921-2009)

Коле Чашуле „Црнила“

 

Коле Чашуле е роден 1921 година во Прилеп, каде завршува основно училиште и нижа гимназија, а виша гимназија завршува во Битола. Студирал медицина на Белградскиот универзитет и активно се вклучил во прогресивните движења (во СКОЈ), а учествувал и во многу штрајкови и демонстрации. Се вклучува во партизанскиот прилепски одред, но подоцна е затворен. Од затворот бега 1944 година и почнува со објавување песни и раскази во партизанските весници. По војната бил основач и уредник на поголем број списанија и

Повеќе >>
Томе Арсовски (1928 - 2007)

Томе Арсовски „Парадоксот на Диоген“

оме Арсовски е роден 1928 во Косовска Митровица, каде татко му бил на служба во поштата. Во Пеќ завршил основно училиште, а 1941 година се враќа во родното место на своите родители – Кавадарци. По ослободувањето тука завршува гимназија, а потоа Филозофски факултет, група Славистика, во Скопје.

Работел како хорист во Операта на Македонскиот народен театар, како новинар во весникот „Нова Македонија“, во драмската редакција на Македонската радио-телевизија.

Започнал со пишување поезија, збирката „Грст смеа“ (1958), а продолжил со драмско

Повеќе >>
Диво месо

Горан Стефановски „ Диво месо “

Горан Стефановски е роден 1952 година во Битола, во театарско семејство, мајка – актерка, татко – актер и режисер. Детството и младоста ги помунува во театарот, а потоа и целиот живот му го посветува.
Студира англиски и литература, а во 1972 студира драматургија на Театарската академија во Белград каде магистрира, а подоцна и докторира. Работи како професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност.
Со појавата на Горан Стефановски современата македонска драма доживува голем успех. Негови драми се: „Јане Задрогаз“,

Повеќе >>
Влада Урошевиќ

Влада Урошевиќ, живот и поетско творештво

лада Урошевиќ е роден во Скопје, 1934 година. За време на Втората светска војна, неговото семејство, заедно со другите српски семејства било депортирано, но по војната се враќа во Скопје, каде завршува гимназија, а потоа и Филозофски факултет. Тој пишува поезија, раскази, есеи, критики. Негови збирки песни се: Еден друг град“, Невиделица“, Летен дожд“, Ѕвездена терезија“, Нуркачко ѕвоно“, Сонувачот и празнината“ и др. Романот: Вкусот на праските“, збирките раскази: Знаци“, Ноќниот

Повеќе >>
Радован Павловски

Радован Павловски, живот и поетско творештво

адован Павловски е роден во Ниш, 1937 година. Студирал право и литература во Скопје. Живеел и творел во Загреб, Хрватска (1964-1982), па во Белград, Србија (1982-1985), а од 1985, живее и твори во Скопје. Пишува поезија, есеи и патеписи, а преведуван е на многу јазици. Напишал многу збирки поезија од кои попознати се: Суша, свадба и селидби“, Корабија“, Високо пладне“, Боемија на Природата“, Зрна“, Молњи“ и Клучеви“ (трилогија) и др.

Поетско творештво

оезијата
Повеќе >>