Написи

Ликот на Мерсо од „Странецот“

Ликот на Мерсо од „Странецот“ на Ками, е човек на новото време. Тој е отуѓен од општеството неприфаќајќи ги неговите норми, атеист по убедување.
Мерсо е слободен човек, со можност за слободен избор. Неговиот проблем е во сфаќањето на таа слобода бидејќи станува незаинтересиран за сè што се случува околу него.
Според Мерсо, човековиот живот е безвреден и сеедно е како ќе се живее зашто и така мора да се умре. За него е сеедно дали ќе ја види за … Повеќе >>

Албер Ками

Албер Ками (1913 – 1960) е роден во Мондови, мало место во Алжир, во сиромашно земјоделско семејство. Поради немаштијата бил принуден да работи и да се школува.
Ками завршил студии по филозофија, а потоа работел како новинар во Алжир и во Париз. Во 1942 година се приклучува во движењето на отпорот кога ги пишува своите Писма до еден германски пријател“, во кои го критикува фашизмот.  Ја добива Нобеловата награда за литература 1957 година.
Загинува во сообраќајна несреќа, 1960 година.… Повеќе >>
Семјуел Бекет (1906 – 1989)

Семјуел Бекет

 

Семјуел Бекет е претставник на театарот на апсурдот, односно антидрамата. Апсурдноста која започнува со егзистенцијализмот во антидрамата е уште понагласена. Таа се постигнува со повторување на исти бесмислици како средство за комуникација и отфрлајќи ги класичните драмски белези.

Бекет е раскажувач, критичар и драмски писател кој својата слава ќе ја здобие со драмата Чекајќи го Годо “. Таа ќе ги подели мислењата на критичарите, но и ќе го одбележи столетието.
Бекет е роден 1906 година во Фоксрок, … Повеќе >>

Современи правци во литературата

од современа литература се подразбира литературата создавана во дваесеттиот век, а уште повеќе литературата по Втората светска војна.

Како последен правец во литературата од XIX век се смета реализмот, а потоа при крајот на XIX и почетокот на XX век се појавуваат неговите продолженија – натурализмот и социјалистичкиот реализам.

Натурализмот подразбира реализам без стилизирање и идеализирање, прикажување на стварноста таква каква што е – со своите неубави, непристојни и тажни, во детали опишани слики. Овој правец го започнува францускиот писател … Повеќе >>

Натурализам

атурализам е правец кој ја претставува последна фаза на реализмот и егзистира во периодот од 1870 до 1890 година.

Терминот натурализам е преземен од филозофијата каде означува материјализам, епикурејство (лагодност на животот) и световност.
Натуралистите го потенцираат човековото биолошко потекло, како и влијанието на средината. Тие многу внимание му обрнуваат на детаљот при фактографското и аналитичкото прикажување на стварноста.
Главен претставник и заговорник на натурализмот е францускиот писател Емил Зола. Тој собира натуралистичка група автори кои објавуваат збирка раскази во … Повеќе >>