Написи

Модерна литература

одерна литература (модерната) се појавува кон крајот на XIX, односно почетокот на XX век.

Во тој период капитализмот доживува највисок стадиум — империјализам. Моќните капиталисти се здружувале во трустови зад кои стоела и државата која освојувала колонии — во Африка, Азија и Јужна Амарика каде црпеле богатства и евтина работна сила. Односите меѓу работниците и буржоазијата се заостриле до крај. На повидок биле револуциите на пролетеријатот.
Ваквите општествени услови придонеле да се појави нов правец во литературата
Повеќе >>

Социјалистички реализам

свен како натурализам, реализмот наоѓа свое продолжување во 20.век, во земјите со социјалистичко уредување. Тој се оформува 1934 година во Советскиот Сојуз на конгресот на писателите кога Максим Горки во својот реферат ги дава основните поставки на правецот. Всушност, со новото уредување, писателите сметале дека треба да има и нова литература – литература која ќе ги сублимира најдобрите работи од реализмот и романтизмот.
Социјалистичкиот реализам треба да прикаже определени негативни појави во животот, но многу повеќе да биде полетен, оптимистички … Повеќе >>

Егзистенцијализам

гзистенцијализмот се појавува во триесеттите години на XX век во Германија, а по Втората светска војна се проширува во целиот свет, а особено е популарен во Франција.
            Основен проблем што го разгледува егзистенцијализмот е човековата егзистенција под која се подразбира можноста на човекот да избере како ќе дејствува. Слободниот избор со себе ја носи и неизвесноста и несигурноста, па затоа тука доаѓаат до израз егзистенцијалните проблеми.
            Ова учење се јавува во три варијанти:
            1. Филозофија на егзистенцијата, која светот го … Повеќе >>
Антон Павлович Чехов (1860 – 1904)

Антон Павлович Чехов – избор раскази

нтон Павлович Чехов е претставник на рускиот натурализам. Роден е во Таганрог на брегот на Азовското Море, во ситнотрговско семејство. Татко му сосема пропаднал, па тој морал сам да се издржува со давање часови, за да ја заврши гимназијата. Потоа оди во Москва каде добива стипендија за медицински студии. Тогаш започнува со пишување, но под разни псевдоними, а најчесто како Антоша Чехонте. Пишувал безброј цртички, скици, новели, пародии, шеги, кои ги објавувал по весниците. Во 1887 година ќе

Повеќе >>

„ Облог “ од А. П. Чехов

асказот „ Облог “ од Антон Павлович Чехов е еден од најсодржајните, расказ во кој е отсликана сета човечка глупост, наивност, лекомисленост, а најмногу од сѐ – дека во животот „сѐ е ништожно, минливо, привидно и лажливо како фатаморгана“. Освен тоа, во краткиот опис на животот на заточеникот, Чехов многу успешно го отсликува созревањето на мудрите луѓе.

Начнато е и прашањето за потребата од социјализација на човекот. Дали му се потребни другите луѓе или може да живее во осаменост ако … Повеќе >>