Написи

Рабиндранат Тагоре – избор песни

Рабиндранат Тагоре (7 мај 1861- 7 август 1941) е бенгалски поет, новелист, музичар, сликар и драмски писател кој имал големо влијание врз бенгалската литература и музика. Во 1913 година ја добил Нобеловата награда за книжевност за делото „Гитанџали“. Уште од својата осма година Тагоре започнал со пишување поеми. На шеснаесет години, ја објавил својата прва збирка поезија, а своите први раскази и драми ги напишал во 1877 година. Тој бил духовен поет кој рано се прославил на Западот, но … Повеќе >>

Шарл Бодлер (1821-1867)

Шарл Бодлер „Албатрос“

За животот на Шарл Бодлер

Шарл Бодлер (1821-1867)

Шарл Бодлер (1821-1867) е претходник на симболизмот и со него започнува модерната литература. Роден е во Париз, 1821 година. Рано останува без татко, кого мајката брзо го заборавила и се омажила за друг. Очувот бил од вишите аристократски кругови и добро го прифатил Шарл, но тој се чувствувал гневно и навредено, па постојано ќе ѝ префрла на мајка си. Студирал правни науки, но повеќе ќе му се оддаде на боемскиот живот отколку на учењето.Тој

Повеќе >>
Едгар Алан По (1809-1849)

Едгар Алан По „Гарванот“

           Едгар  Алан  По (1809-1849) е роден во Бостон, САД. Откако таткото ги напуштил, мајка му починала кога тој имал две години, па бил неофицијално посвоен од богатиот трговец Џон Алан. Пет години живееле во Англија и таму го започнал своето школување. Кога студирал во Вирџинија дошол во конфликт со потаткото и ја изгубил неговата материјална поткрепа. Оттогаш се обидувал да се осамостои, почнал да пишува и објавува стихозбирки. Две години бил во американската армија, за потоа целосно
Повеќе >>

Габриел Гарсија Маркес

Габриел Гарсија Маркес е роден на 6 март 1928 година во Аракатака, град во Северна Колумбија, каде го одгледале баба му и дедо му од мајчина страна. Во куќата живееле безброј тетки и приказни. За да го разбереме Маркес мора да знаеме нешто за историјата на Колумбија, како и за необичното минато на неговото семејство.

Колумбија ја добила својата независност од Шпанија 1810 година и е една
Повеќе >>

На полковникот нема кој да му пишува – Маркес

Новелата „На полковникот нема кој да му пишува“ од Габриел Гарсија Маркес е приказна за бедниот полковник и неговата астматична жена. Полковникот е ветеран од Војната од 1000 денови која се случила пред  повеќе од 20 години, а чија ветена пензија тој упорно ја чека.
Уште со првите реченици на новелата е прикажана крајната беда во која живеат полковникот и неговата жена. 
Утрото кога станува, полковникот вари кафе, но во кутијата останало
Повеќе >>