Написи

Едгар Алан По (1809-1849)

Едгар Алан По „Гарванот“

           дгар  Алан  По (1809-1849) е роден во Бостон, САД. Откако таткото ги напуштил, мајка му починала кога тој имал две години, па бил неофицијално посвоен од богатиот трговец Џон Алан. Пет години живееле во Англија и таму го започнал своето школување. Кога студирал во Вирџинија дошол во конфликт со потаткото и ја изгубил неговата материјална поткрепа. Оттогаш се обидувал да се осамостои, почнал да пишува и објавува стихозбирки. Две години бил во американската армија, за потоа целосно да
Повеќе >>

Габриел Гарсија Маркес

абриел Гарсија Маркес е роден на 6 март 1928 година во Аракатака, град во Северна Колумбија, каде го одгледале баба му и дедо му од мајчина страна. Во куќата живееле безброј тетки и приказни. За да го разбереме Маркес мора да знаеме нешто за историјата на Колумбија, како и за необичното минато на неговото семејство.

Колумбија ја добила својата независност од Шпанија 1810 година и е една од најстарите демократии во Латинска Америка, но вистинска демократија таму, за жал, никогаш
Повеќе >>

На полковникот нема кој да му пишува – Маркес

Новелата „На полковникот нема кој да му пишува“ од Габриел Гарсија Маркес е приказна за бедниот полковник и неговата астматична жена. Полковникот е ветеран од Војната од 1000 денови која се случила пред  повеќе од 20 години, а чија ветена пензија тој упорно ја чека.
Уште со првите реченици на новелата е прикажана крајната беда во која живеат полковникот и неговата жена. 
Утрото кога станува, полковникот вари кафе, но во кутијата останало само една лажица, па тој и го приготвува
Повеќе >>
Михаил Александрович Шолохов (1905-1984)

Михаил Шолохов „Судбината на човекот“

олохов е роден во Кружилино, во козачката област Вешенска. Образованието го стекнувал со прекини заради Октомвриската револуција, Граѓанската војна, Првата светска војна. Во Москва отишол 1922 година со надеж дека ќе го продолжи образованието, но немал средства, па морал да работи како градежен работник и сметководител. На осумнаесетгодишна возраст го објавува својот прв текст во весник и од тогаш не може да се одвои од литературата. Пишува раскази собрани во збирките „Донски раскази“ и „Лазурна степа“ кои се основа за

Повеќе >>

„Павилјон бр. 6“ од Чехов (раскажана)

ој е луд во денешново општество? Оној кој без размислување ги прифаќа сите наметнати норми, правила, хиерархиски поделби што мора да се почитуваат, трката по пари како смисла на живот – или оној кој се свртува кон себеси, кон своето осознавање, сопственото изградување и оттргнување од бесмислата на секојдневието во опшетството?
Кој е во затвор? Оној што е зад решетки или оној кој самиот ставил огради во својот живот и не излегува од нив? Оној кој и во својот мал
Повеќе >>