Написи

Матурски прашања за „Тартиф“

„Тартиф“ е комедија со елементи на фарса, комедија на карактери и комедија на нарави.

Темата на драмата е конфликтот во едно богато и угледно семејство поради прифаќањето и величањето на свештеникот Тартиф од страна на Оргон, главата на семејството.

Идејата е да се разобличи и искритикува религиозното лицемерство.
Комедијата е составена од пет чина и е напишана во стихови.

Поводот Молиер да ја напише оваа комедија било француското свештенство кое било остро против неговиот театар, неговата личност како режисер, писател … Повеќе >>

Матурски прашања за „Тартиф“ 2

На тестот по македонски јазик и литература – државна матура, јуни 2011, беа зададени следните прашања за „Тартиф“ од Молиер:

Прочитај го извадокот од делото „Тартиф“ од писателот Жан Батист Поклен Молиер и одговори на поставените прашања.

СЦЕНА VI
Валер, Оргон, Клеант, Елмира, Маријана, Г. Пернел, Дамис, Дорина
Валер:

(На Оргон)
Жалам дека носам лоши вести јас,
но друг излез немам в овој страшен час.

Еден другар мој, со кого блиско стојам,
и ја знае добро намерата моја,
макар да … Повеќе >>