Написи

Ликови од „Чорбаџи Теодос“

Во драмата „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски има повеќе ликови.

Но, во комедиите на интриги, ликовите не се целосно изградени, туку се типизирани (со нагласени особини). Интересно е што самиот автор во објаснувањата (дидаскалиите) ги опишал ликовите.

Чорбаџи Теодос

Чорбаџи Теодос во дидаскалијата е опишан вака:

„Влегува во ноќна, долга кошула, со мазно од вечерта избричено, а мрачно лице, на кое никогаш, ни за миг не светнува осмевка и ведрина. Со густи, накуштравани веѓи кои го поцртуваат намуртеното чело и … Повеќе >>

„Чорбаџи Теодос“ – В. Иљоски

„Чорбаџи Теодос“ е комедија напишана од Васил Иљоски.

Карактеристики на драмата

„Чорбаџи Теодос“ е комедија на интригата што ќе ја подметне итриот Арсо за да го исмее чорбаџијата.

Инспирирана е од анегдотата за присилното кумство.

Во драмата има многу битово-социјални елементи.

Битови:

  • патријархалните односи во семејството — покорноста на сопругата, синот и сите останати кон главата на семејството;
  • избирањето на снаата од страна на родителите;
  • обичаите на кумството — пиењето, јадењето, песните, орото;
  • менталитетот на Ромите;
  • озборувањата во чаршијата;
  • итрината
Повеќе >>